петок, 17 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: раст | 121 резултати

Трговијата најзаслужна за растот на БДП во третиот квартал

декември 9, 2024

Според податоците од Државниот завод за статистика, растот на бруто домашниот производ во третото тромесечје од годинава, во месеците јули, август и септември изнесува три проценти. Како што информираат од Владата, овој раст е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа. Најголем придонес во растот има јавната потрошувачка, за 13.3%, како и приватната потрошувачка, […]

БДП се зголемил за 13,1 проценти во второто тримесечје

септември 6, 2021

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје […]

Анализа на „Порталб.мк“: Граѓаните се „вратија“ на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7 проценти

јули 26, 2021

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво. Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8 проценти, а кредитите се со раст од 5,1 проценти, пишува „Порталб.мк“. Интересно е дека „јазот“ помеѓу депозитите и кредитите се зголеми […]

ЕБОР прогнозира економски раст за Северна Македонија од 4 проценти

јуни 29, 2021

Европска банка за обнова и развој ја зголеми прогнозата за економски раст на С. Македонија за оваа година на четири проценти, што е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020. Во Извештајот се вели дека закрепнување на економијата кое се очекува во 2021 година, е како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната […]

Порталб.мк: (Не)достижно сценарио – за годишен раст од 4,1 отсто, секој квартал економијата ќе треба расте 6,1 отсто

јуни 14, 2021

И со ребалансираниот буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 проценти. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сè уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека БДП ќе се зголемува, инвестициите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, […]

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст

мај 18, 2021

Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, информираат од Владата. На состанокот се дискутирало за изгледите за економски раст во земјава согласно разговорите што ги имала […]

Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти

мај 11, 2021

По падот на домашниот бруто-производ од 4,5 проценти минатата година, Народна банка оваа година предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври. „На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9 проценти и 4 проценти во 2022 и 2023 година, соодветно. […]

Порталб анализа: 2021 година на економско „заздравување“ – пандемијата губи „здив“

мај 10, 2021

Светска банка за годинава предвидува економски раст од 3,5 проценти, очекувањата на бизнис – експертската фела се дека растот ќе се движи околу 4 проценти, а Владата проектираше раст нешто повисок од 4 проценти, пишува „Порталб.мк“. Пандемијата губи здив – економијата ќе почне да заздравува, но ризиците се сè уште присутни. Дел од бизнис-секторите и […]

Порталб: Како просечната плата постигна раст од 39 евра [инфографик]

октомври 27, 2020

Просечната плата во земјава изнесува 447,7 евра – со значаен пораст за повеќе од 9 отсто во однос на лани истиот месец, пишува „Порталб.мк“. Ваквиот показател според дел од економистите е резултат на два фактори, едниот, променетата структура на вработени – високо платените ги задржале работните места, додека намалување има кај оние со пониски плати. […]

Светска банка за годинава предвидува пад на македонската економија од 4,1 отсто

октомври 7, 2020

Економија во земјава оваа година ќе забележи пад од 4,1 отсто, следната 2021 година ќе се врати на нивото на економски раст од 3,6 отсто, додека во 2022 година растот би изнесувал 3,5 отсто, во услови на очекувана зголемена потрошувачка, раст на приватните инвестиции и извозот. Ова го прогнозира Светската банка во извештајот објавен денеска, […]

Расте учеството на „зелената“ енергија, производството од ОИЕ достигна 40 отсто

октомври 1, 2020

Здружението на европските електростопанства „Еуроелектрик“, во новиот Енергетски барометар констатира дека енергетскиот сектор успешно се приближува кон декарбонизација. Се заклучува дека емисиите од јаглероден двооксид во овој сектор се намалуваат со голема брзина, побргу од очекувањата, а уделот на обновливите извори на енергија, успешно се зголемува, пишува регионалниот деловен портал „Сибиз“. Во првата половна од […]

ДЗС: Во јуни се издадени за 35,1 отсто повеќе одобренија за градба од истиот месец лани

август 14, 2020

Пандемијата со корона вирусот не ги спречи инвестициите во капиталните објекти во државaва, чија предвидена вредност во јуни значително ја зголеми вкупната сума на изградените градежни објекти како и бројот на издадени решенија за градба. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење, што е […]

Народна банка предвидува пад на македонската економија од 3,5 проценти, поради корона кризата

мај 5, 2020

Народната банка проектираше пад на домашниот бруто-производ БДП од 3,5 проценти, наспроти октомвриските очекувања за пораст од 3,8 проценти. „Во однос на структурата на порастот, намалување се очекува и кај домашната и кај извозната побарувачка. Во 2021 година, во услови на нормализација на економскиот амбиент, се очекува закрепнување на економијата, поддржано од сите извори на […]

НБРМ: Солиден раст на кредитите и на депозитите во првиот квартал од годинава

април 21, 2020

Растот на депозитите и на кредитите на крајот на првиот квартал од годинава останува солиден, годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 8,3 отсто, а раст бележат депозитите и на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“, информираат од Народна банка. „По падот во февруари, депозитите на месечно ниво се зголемија за 2,4 отсто, додека […]

Што нѐ чека: Членството во НАТО ќе ја „крева“, корона вирусот ќе  ја „урива“ економијата

април 13, 2020

Датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО се добар сигнал за инвеститорите – бизнис-климата значајно ќе се промени во позитивна насока, што ќе влијае и позитивно на економијата во периодот што доаѓа. Но, кризата од Ковид 19 ќе ја „влече“ економијата надолу, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. […]

Индустриското во февруари поголемо за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани

март 31, 2020

Индустриското производство во февруари годинава е поголемо за 3,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека во првите два месеца од 2020 година, во однос на истиот периодот лани, е зголемено за 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Според податоците, во секторот рударство и вадење на камен во февруари годинава, во […]

БДП лани достигна 3,6 отсто, за 0,1 отсто повеќе од проекциите на Владата

март 9, 2020

Државниот завод за статистика ги објави податоците за трендот на бруто-домашниот производ, БДП, кој во последниот квартал на 2019 година, во споредба со истиот квартал во 2018 година, е повисок за 3,4 отсто, а вкупниот пораст на БДП за 2019 година изнесува 3,6 отсто, што ја надминува проектираната стапка на Владата од 3,5 отсто. Според […]

Анализа: Предизборни ветувања – „надуван балон“ или остварлива агенда?

декември 16, 2019

Неделава според најавите владејачката СДСМ треба да ги започне консултациите за кадровските решенија во новата техничка Влада – која е „предвесник“ на априлските предвремени парламентарни избори. Владејачката коалиција на опозицијата ќе и ги отстапи челните позиции во двете стратешки министерства – за внатрешни работи и за труд и социјална политика. И на владејачкиот и на […]

Народна банка: Реалната стапка на годишен економски раст изнесува 3,6 проценти

декември 11, 2019

Според објавените проценети податоци за домашниот бруто-производ БДП, економската активност растеше и во третиот квартал од годината, било заклучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. „Реалната стапка на годишен раст изнесува 3,6 проценти, а остварувањата засега се во рамки на очекувањата. Во однос на факторите на раст на економијата, […]

БДП со пораст од 3,6 проценти во третиот квартал

декември 6, 2019

Стапката на раст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4,6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 65,6 […]

Страна 1 од 6