fbpx

Пет авионски несреќи последица на пилотски самоубиства

-

Капетанот Андреас Лубиц, за кој се претпоставува дека намерно го урнал авионот на „Џерманингс“ на француските Алпи, убивајќи се себеси и уште 149 лица, не е единствениот пилот што направил таков злостор.

Американската телевизија „Ен-Би-Си њуз“ наведува дека во авионската историја постојат уште неколку такви случаи кога пилотот, сакајќи да се самоубие, во смрт ги однел сите патници и членови на екипажот.

„Мозамбик ерлајнс“, лет ТМ-470 во 2013 година

Воздухопловните власти објаснија дека пилотот на летот ТМ-470 намерно го урнал авионот во Намибија, при што загинаа 33 лица. Тој пред уривањето направил неколку маневри, кои на крај довеле до несреќата. Мотивите за овој чин и понатаму се непознати.

„Египт ер“, лет 990 во 1999 година

Копилотот на летот 990, за да се одмазди, го урнал авионот во Нова Англија, убивајќи 217 лица. Причината била укор што го добил за „непримерно сексуално однесување“. Укорот предвидувал забрана за летање на линиите во САД, кои му носеле додаток на платата. Уривањето на авионот бил негов одговор на санкциите.

„Силк ер“, лет 185 во 1997 година

https://www.youtube.com/watch?v=NXbeU9dmxms

Сингапурскиот „боинг 737“ се урнал во индонезиската река Палембанг набргу по полетувањето, при што загинаа 104 лица. Истрагата утврдила дека црната кутија во кокпитот била намерно исклучена, а другиот пилот не презел ништо за да го исправи авионот кој почнал да паѓа.

„Ројал ер Марок“ лет 185 во 1994 година

Само 10 минути по полетувањето во пустелијата на планината Атлас во Мароко, се урна АТР-42. Загинаа 44 лица, а за несреќата бил виновен пилотот кој на тој начин одлучил да се самоубие. Истрагата ја потврди оваа теорија иако здружението на марокански пилоти ги отфрли овие информации, нагласувајќи дека пилотот испратил известување за технички проблеми при полетувањето.

„Џапан ерлајнс“, лет ДЦ-8 во 1982 година

Авионот излетал од пистата по расправија во кокпитот. Од 174 патници, 24 загинаа. Истрагата покажала дека капетанот имал психички проблем.

„Малезија ерлајнс“, лет MH370 во 2014 година

Теоријата за самоубиство на пилотот и понатаму е актуелна кога станува збор за исчезнувањето на летот MH370 во март 2014 година. Сепак, ниту црните кутии, ниту остатоците од авионот не се најдени, па тешко е со сигурност да се утврди што точно се случило и да се реши, веројатно, најголемата мистерија во современото воздухопловство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...