Тела на 44 жртви од авионската несреќа на француските Алпи денеска стигнаа во Дизелдорф, каде ќе бидат вратени на семејствата за да бидат погребани.

„Ербас A320“ на компанијата „Џерманвингс“ се урна на француските Алпи на 24 март. Сите 150 патници и членови на екипажот загинале.

Врз основа на информациите добиени од црните кутии, заклучено е дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал авионот.