Индонезискиот воен пилот и два цивили загинаа кога лесен борбен авион се урна на куќа на островот Јава.

Командантот на индонезиското воздухопловство, Агус Суприатна, изјави дека пилотот и механичарот, кој бил во авионот, скокнале пред авионот да падне. Механичарот се води како исчезнат, додека телото на пилотот е пронајдено на поле околу осум километри од местото каде што е пронајден неговиот падобран.

Маж и жена се повредени кога авионот удрил во нивната куќа и се хоспитализирани, потврди Суприатна.

Пилотот и механичарот полетале од базата Абдул Рахман Салех во авион тип „EMB 314 супер тукон“, за редовно одржување.

An army's plane crash on Malang city, Indonesia, hit houses and people. cc: @cnni @BBCWorld @Reuters pic.twitter.com/pTPGxuionm
— Arya Dega (@aryadega) February 10, 2016