fbpx
Таг: авионска несреќа

таг: авионска несреќа

Египетската војска ги пронајде остатоците од „Египет ер“

Египетската војска денеска соопшти дека ги пронашле остатоците од авионот кој се урна на лет од Париз до Каиро. Портпаролот на војската рече дека остатоците се пронајдени на околу 280 километри од египетското пристаниште Александрија. Авионот од типот „Ербас А320“ на компанијата „Египет ер“, со 66 патници и членови на екипажот во четвртокот исчезна од радарите.

Се уште не се знаат причините за падот на египетскиот авион

Нема никакви индикации за причините за вчерашната несреќа на египетскиот авион, соопшти денеска шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро. - Се разгледуваат сите хипотези, но ниту една не преовладува, бидејќи немаме апсолутно никакви индикации за причините - рече Еро. Официјален Каиро вчера соопштија дека можно е причина за падот на авионот да е терористички напад.

Пронајдени делови од исчезнатиот египетски авион

Остатоци од исчезнатиот египетски патнички авион се пронајдени во близина на грчкиот остров Карпатос. Грчките власти претходно соопштија дека во јужниот дел на Средоземното Море се пронајдени два објекти како лебдат во водата, на околу 80 километри јужно од островот. Грчката фрегата пронашла големи пластични објекти со бела и црна боја, соопшти извор од грчкото Министерство за одбрана. Во потрагата по...

Египетскиот авион се урнал кај грчкиот остров Карпатос

Авионот на египетската авиокомпанија „Египет Ер“, кој исчезна од радарите на летот од Париз кон Каиро, се урнал во близина грчки остров Карпатос, соопшти извор од грчкото воздухопловството. Според истиот извор, авионот бил во египетскиот воздушен простор, кога исчезнал од грчките радари. Леталото се урнало на околу 130 наутички милји од островот Карпатос. Компанијата „Египет Ер“ денеска соопшти дека авион со...

Руски воен авион се урна на Далечниот Исток

Руски борбен авион „сухој су-25“ се урна денеска на Далечниот Исток, на 70 километри од руската граница со Кина, јавуваат руските медиуми, наведувајќи дека нема повредени. Авионот паднал во близина на населено место, односно во двор, а при падот уништил два дрвени објекта. - Авионот падна во градина, а не врз куќа – изјави неименуван безбедносен извор. Руското Министерство за одбрана потврди дека...

Авионска несреќа во Јапонија – четворица загинати

Четири лица настрадаа во близина на пистата на аеродромот Јао во Осака, на западот на Јапонија откако се урна мал авион, јавуваат локалните медиуми. На телевизиските снимки од Јапонија се гледа дека авионот е тешко оштетен, а врвовите на крилата се скршени. Официјален претставник на противпожарните служби соопшти дека четирите лица кои се наоѓале во авионот се мртви, но дека нема...

Обвинителство: Нема нови околности во истрагата за смртта на претседателот Трајковски

До овој момент и од досега утврдените факти во истрагата, како и од извештајот од Меѓународната комисија за испитување на причините за авионската несреќата во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски, не произлегле нови околности што би довеле до „донесување на поинаква одлука од претходно донесената резолуција“, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со истрагата...

Потврдена смртта на 23 лица во авионската несреќа во Непал

Дваесет и три лица ззагинааа при откако авион се урна поради лошото време во Непал, соопшти полицијата. Авионот, сопственост на приватната компанија „Тара ер“ летал од Похара, јужно од главниот Катманду, кон Џомсом, во моментот кога изгубил контакт со контролата за летање. - Авионот се распаднал и нема преживеани – рече полицискиот претставник Бишвараџ Кадка. Претставниците велат дека густа магла го обвила...

Воен авион се урна на куќа во Индонезија, тројца загинати

Индонезискиот воен пилот и два цивили загинаа кога лесен борбен авион се урна на куќа на островот Јава. Командантот на индонезиското воздухопловство, Агус Суприатна, изјави дека пилотот и механичарот, кој бил во авионот, скокнале пред авионот да падне. Механичарот се води како исчезнат, додека телото на пилотот е пронајдено на поле околу осум километри од местото каде што е пронајден...

Воен авион падна во Египет

Египетската војска соопшти дека нејзин ловец „ф-16“ паднал за време на воени вежби, на локација која не се наведува, при што загинал целиот екипаж. Во соопштението не се наведува колку лица загинале, ниту дополнителни детали за несреќата. Портпаролот на египетската војска, Мохамед Самир, на новинарско прашање за падот на „ф-16“ рече дека деталите се важни само за војската.

Зошто младите од генерацијата „Зед“ се чувствуваат истоштено на своите работни места?

Исцрпени и под притисок уште во најраната фаза од нивната работна кариера. Многу од младите од генерацијата „Зед“ (Gen-Z) се чувствуваат истоштени на своите работни места и дожуваат 'burn...