fbpx

На брегот на Израел пронајдени делови од урнатиот египетски авион

-

Остатоци од летало за кои се верува дека се од авионот на „Иџипт ер“, кој се урна во мај годинава во Средоземно Море, биле најдени долж брегот на Израел, соопштила денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавуваат светските медиуми.

Деловите биле најдени вчераутро, северно од Тел Авив, на брегот на приморскиот град Натанија, било наведено во соопштението, во кое се додава дека постои голема веројатност тие да се од урнатиот египетски авион.

Од канцеларијата на Нетанјаху најавиле дека пронајдените парчиња ќе бидат пратени во Египет за понатамошна анализа.

Авионот на „Иџипт ер“, кој летал од Париз за Каиро, се урна на 19 мај во источниот дел на Средоземно Море, а во несреќата загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...