fbpx
Таг: авионска несреќа

таг: авионска несреќа

Се урна воен авион во Конго, загинаа 12 луѓе

Воен товарен авион се урна во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса, при што животот го загубија сите 12 лица во авионот. Претставник од Авијациската агенција на Конго нагласи дека станува збор за авион „антонов ан-12“, кој патувал кон градот Букаву, во источниот дел на земјата. Авионот се урнал откако претходно се обидел да се врати назад кон аеродромот...

Осумгодишно девојче и маж прегазени од мал авион на плажа во Португалија

Осумгодишно девојче и 56-годишен маж вчера ги загубија животите откако биле удрени од мал авион од марката „цесна“, кој слетувал на плажата Капарика, близу главниот град на Португалија, Лисабон. Малата „цесна“, која е на пилотска школа од Тореш Ведраш, поради технички проблеми принудно слетала на плажата на околу 30 километри јужно од Лисабон. Повеќето капачи, кога виделе дека авионот слетува на...

Се урна товарен авион во Киргистан, најмалку 37 загинати и 11 повредени

Најмалку 37 лица загинаа откако турскиот товарен авион денеска се падна во село во близина на главниот киргистански град Бишкек. Како што јавуваат светските агенции, 11 лица го преживеале падот, но добиле тешки повреди, поради што веднаш се пренесени во болница во Бишкек. Авионот „боинг 747“ најверојатно при слетување не успеал да ја погоди пистата поради густата магла и паднал во...

Пронајден дел од паднатиот руски авион

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека спасувачките екипи го пронашле трупот на авионот кој со 92 патника и членови на екипажот се урна во Црно Море. Агенцијата ТАСС наведува дека нуркачи воочиле пет метри долг дел од трупот на авионот, каде претходно се пронајдени и други делови од леталото. Руската агенција наведува дека во тек се подготовки за извлекување на овој...

Сè уште не се пронајдени црните кутии од урнатиот руски авион

Рускиот министер за вонредни ситуации, Владимир Пучков, денеска изјави дека сè уште не е пронајдена црната кутија, ниту каков било аудиозапис од рускиот авион „ту-154“ кој вчера се урна во Црно Море. - Сè уште не сме ја пронашле – рече Пучков на прес-конференција. Рускиот авион се урна вчера во Црно Море, во близина на Сочи, а никој од 92 патници...

Пронајдени траги од експлозив кај жртвите од несреќата на „Иџипт ер“

Тимот што ја истражува несреќата со падот на авионот на „Иџипт ер“, која се случи во мај годинава, денеска соопштил дека на телата на жртвите биле пронајдени траги од експлозив, јавуваат светските медиуми. Ваквите наоди ги зголемуваат сомневањата дека авионот веројатно бил намерно урнат. Од египетското министерство за цивилна воздухопловидба денеска соопштиле дека, според законите во Египет, истрагата за случајот ќе...

Пакистанските власти почнаа истрага за авионската несреќа во која загинаа 47 лица

Пакистанските власти почнаа истрага во врска со авионската несреќа, која се случи вчера и во која загинаа сите 47 патници и членови на екипажот, соопштија денеска официјални претставници на властите во Исламабад. Меѓу загинатите, како што јавуваат светските агенции, имало и две деца и тројца странски државјани, а властите навеле дека во тек е ДНК-анализа за идентификување на жртвите. Пакистанскиот министер...

Уште еден руски авион падна во Средоземно Море

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руски ловец „су-33“ се урнал во Средоземно Море откако излетал од бродот носач. Руските медиуми јавуваат дека причина за падот на авионот е кинење на една од сајлите што служат за сопирање на авионот. Пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето. За неполн месец ова е втор случај руски авион да падне од палубата на...

Авионот со бразилскиот фудбалски тим се урнал бидејќи останал без гориво

Колумбиските власти соопштија дека има сè повеќе докази дека авионот што го превезуваше бразилскиот фудбалски тим се урнал бидејќи останал без гориво, додека се обидувал да се приземји, пренесува „Би-би-си“. Авионот немал гориво при ударот, изјавил официјален претставник на властите, потврдувајќи ги аудиоснимките на кои се слуша како пилотот бара да слета поради недостиг од гориво и откажување електриката во авионот. Несреќата...

Руски воен авион се урна во Средоземно Море

Руски воен авион „миг-28кр“ вчера попладне се урна во Средоземно Море за време на воена операција на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, пишува угледниот американски магазин за воена авијација „Комбат еркрафт“. Магазинот се повикува на сопствени доверливи извори и тврди дека авионот паднал во морето, во близина на носачот, враќајќи се од мисија над Сирија. Министерството за одбрана на Русија потврди...

Завршена идентификацијата на телата на загинатите во авионската несреќа

Од 19 часот синоќа, кога во Институтот за судска медицина во Скопје пристигнале роднините на загинатите во авионската несреќа кај селото Кожле, до 5 часот утрово траела постапката на идентификација на загинатите преку ДНК-анализа, потврди Институтот за судска медицина, пренесува „Телма“. Со споредба на примерок од ДНК од роднините и од жртвите е утврден идентитетот на шестмината италијански државјани што настрадаа во...

По падот на „пајперот“, теренот се снима со дрон и се врши распит на двајца италијански пилоти

Во Јавното обвинителство Скопје се врши испитување на двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Исто така, обезбеден е дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа, информираат од ОЈО Скопје. „Во тек е увидот на местото на несреќата раководен од јавното...

По урнатиот авион во село Кожле трагале 170 полицајци

Педесет полицајци со 10 моторни возила од Единицата за специјални задачи и 120 полицајци со 15 моторни возила од Единицата за брзо распоредување трагале по авионот што вчера се урна во близина на селото Кожле, информираат од МВР. Во соопштението од полицијата се вели дека службените лица на терен излегле веднаш во 18.45 часот, по известување од жител на селото кој во...

Два мали авиони се судрија над Алјаска, нема преживеани

Пет лица загинаа при судир на два мали авиони над Западна Алјаска, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во ненаселена област, околу 600 километри западно од Енкориџ, а пределот е достапен само со хеликоптер. Властите соопштија дека при судирот загинале сите лица што биле во авионите.

Пронајдено телото на пилотот на урнатиот швајцарски воен авион

Швајцарските спасувачки екипи денеска го пронашле телото на пилотот чиј борбен авион падна пред два дена во швајцарските Алпи, соопштија швајцарските власти. Телото на пилотот е пронајдено во близина на остатоците на авионот, кој вчера беше лоциран во Сустен во централниот дел на Швајцарија, стои во соопштението на швајцарската влада. Идентитетот на пилотот не е објавен, но се наведува дека станува...

Пронајден урнатиот швајцарски воен авион, се трага по пилотот

Остатоци од борбениот авион на швајцарските воздухопловни сили кој исчезна во понеделникот, се пронајдени на швајцарските Алпи, над кои летал во времето кога исчезнал од радарите, соопшти швајцарското министерство за одбрана, додавајќи сека сè уште трае потрагата по пилотот. Хеликоптер го лоцирал леталото, едносед „ф/а-18ц“, во околината на планинскиот превој Сустена, во Централна Швајцарија, наведува министерството, но швајцарските власти сè...

Се судрија бразилски воени авиони

Два бразилски воени авиони се судрија за време на вежбите за заштита на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Во соопштението на воената морнарица се наведува дека еден авион се урнал во морето, на 20 километри од Рио, а другиот успеал безбедно да слета и покрај оштетувањето. Пилотот на авионот што се урна успеал навреме да се катапултира и не е повреден. Во...

На брегот на Израел пронајдени делови од урнатиот египетски авион

Остатоци од летало за кои се верува дека се од авионот на „Иџипт ер“, кој се урна во мај годинава во Средоземно Море, биле најдени долж брегот на Израел, соопштила денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавуваат светските медиуми. Деловите биле најдени вчераутро, северно од Тел Авив, на брегот на приморскиот град Натанија, било наведено во соопштението, во кое...

Пронајдени главните локации на кои се остатоците на египетскиот авион

Специјална подморница што трагала по остатоците од урнатиот авион на компанијата „Иџипт ер“ пронашла неколку главни локации на кои се наоѓаат делови од остатоците на леталото, соопшти Египетскиот истражен комитет. Подморницата на истражителите им испратила и први снимки од остатоците. Истражувачкиот тим сега ќе направи мапа на локации на кои се наоѓаат остатоците од авионот, стои во соопштението. Остатоците на авионот се...

Регистриран чад во авионот на „Египет ер“

Неколку минути пред да исчезне од радарот, во патничкиот авион на „Египет ер“ бил регистиран чад, јавуваат светските медиуми. Авионот на египетската авиокомпанија, кој со 56 патници и 10 членови на екипажот леташе на релација Париз - Каиро, во четвртокот се урна во Средоземното море, кај островот Крит, кратко по влегувањето во египетскиот воздушен простор. Чадот, според информациите, кои...

Контраспин: Џафери спинува и за пцостите и за нормите од кодексот

Талат Џафери јасно кажува дека не го интересира што мисли јавноста, туку што мисли тој, а тој мисли дека не прекршил ниту една норма кога на службеници грубо им...