fbpx

Сè уште не се пронајдени црните кутии од урнатиот руски авион

-

Рускиот министер за вонредни ситуации, Владимир Пучков, денеска изјави дека сè уште не е пронајдена црната кутија, ниту каков било аудиозапис од рускиот авион „ту-154“ кој вчера се урна во Црно Море.

– Сè уште не сме ја пронашле – рече Пучков на прес-конференција.

Рускиот авион се урна вчера во Црно Море, во близина на Сочи, а никој од 92 патници не преживеа.

Меѓу настраданите има и 64 члена на познатиот ансамбл „Александров“ и девет новинари.

Рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, изјави дека не станува збор за терористички напад, туку дека најверојатно технички проблем или грешка на пилотот е причина за несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...