По Велес и Скопје, и Кавадарци го откажа организираниот дочек на Нова година

-

Кавадарци го откажа дочекот на Нова година на градскиот плоштад, така што по Велес и Скопје, ова е трет град во земјава што го откажува организираниот новогодишен дочек. Финансиските средства кои биле предвидени (околу 5.000 евра) ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

– На наредната седница, Советот на Општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ќе бидат насочени овие средства. Размислуваме и средствата планирани за новогодишниот коктел во Собранието да се пренаменат во хуманитарни цели – изјави градоначалникот Александар Панов.

Со планираните средства требало да се покрие настапот на Ристо Самарџиев, музички групи, огномет и слично.

Иницијативата за откажување на новогодишните прослави на градските плоштади за парите да се пренаменат за хуманитарни цели, почна во Србија.

Под влијание на апелите на македонските твитерџии на социјалните мрежи, ваквата практика да се примени и кај нас, општините почнаа да размислуваат да ги пренаменат планираните средства за прослава во хуманитарни цели.

Најпрво од организиран дочек на Нова година се откажа општина Велес, а потоа и Град Скопје. Продукцијата „Авалон“ се закани со тужба за Град Скопје доколку пејачите кои требаа да настапат на новогодишната вечер на скопскиот плоштад, побарале обесштетување.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...