fbpx
Таг: авионска несреќа

таг: авионска несреќа

Копилотот намерно го урнал авионот и убил 150 лица

Копилотот на „Џерманвингс“ веројатно намерно го урнал авионот, убивајќи ги сите 150 патници во леталото. Копилотот не му дозволил на капетанот да влезе во кабината за „намерно да го уништи“ авионот, соопшти францускиот обвинител на прес-конференција. Копилотот на „Џерманвингс“ е идентификуван како Андреас Лубиц. Капетанот бил на возраст од 30 до 40 години, искусен, со 10.000 часови летање, а за „Луфтханза“ работел 10...

Пилотска расправија е можна причина за падот на авионот

Теоријата за механички дефект како причина за падот на авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи е отфрлена по анализата на податоците од црната кутија, кои укажуваат дека причина за падот е несоодветното однесување на пилотот во текот на летот. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, пилотите пред несреќата се скарале. Еден од нив ја напуштил кабината, а другиот потоа се заклучил...

Еден од пилотите не бил во кабината за време на несреќата

Еден од двајцата пилоти на авионот „ербас А320“ на германската компанија „Џерманвингс“, кој во вторникот се урна над француските Алпи со 150 патници, ја напуштил пилотската кабина и не можел да се врати за време на несреќата, јавува агенцијата „Франс прес“. Повикувајќи се на извори блиски до истрагата за падот на авионот и врз основа на снимките од црната кутија,...

Продолжува потрагата по остатоците од авионот на „Џерманвингс“

Рано изутринава продолжи потрагата по остатоците од авионот „ербас А320“ на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, кој вчера се урна на француските Алпи. Француските власти соопштија дека поради непристапноста на теренот, ќе им бидат потребни неколку дена за да ги пронајдат телата. - Црната кутија, која вчера е пронајдена, би требало да открие повеќе детали за падот на авионот. Станува збор за црната...

Меркел: Германија, Франција и Шпанија со заедничка истрага за падот на „Џерманвингс“

Германија, Франција и Шпанија денеска постигнаа договор за соработка за утврдување на причините за уривањето на авионот на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, соопшти германската канцеларка Ангела Меркел. Авионот „eрбас А320“ со 144 патници и со шест членови на екипажот се урна на француските Алпи, на околу 100 километри од Ница. Францускиот државен секретар за транспорт, Ален Видали, претходно соопшти дека нема преживеани...

Проклетството „ербас А320“ однесе 789 животи

Авионите „ербас А320“, во кои спаѓаат моделите A318, A319, A320 и A321, од своето пуштање во сообраќај од април 1988 година, па досега, имале 60 несреќи, во кои загинале 789 лица. Од вкупниот број несреќи, во дури 24 авионите биле целосно уништени. Авионот „A320“ официјално е претставен во март 1984 година, а првиот лет го имаше во февруари 1987 година....

Се урна авион на „Џерманвингс“, засега не се знае бројот на патници

„Ербас А320“ на компанијата „Џерманвингс“ се урна на француските Алпи. Нема преживеани. Засега не се знае колку лица биле во авионот, јавува „Раша тудеј“. Според првичните информации, во авионот имало 148 лица, но француската контрола за летање тврди дека настрадале 150 лица, додека од Германија доаѓаат информации дека имало вкупно 154 лица. Повеќето жртви се државјани на Германија и на...

Харисон Форд повреден при пад на мал авион

Холивудскиот актер Харисон Форд, познат по улогите во филмовите „Индијана Џонс“, „Блејд Ранер“ и „Војна на ѕвездите“, бил повреден при пад на мал авион на терен за голф во близина на Лос Анџелес, јавуваат светските медиуми. Според последните информации, кај 72-годишниот Форд биле констатирани „умерени“ повреди од падот на авионот-двосед, кој го управувал актерот. Екипите на итната помош, кои веднаш интервенирале на...

Капетанот на урнатиот авион на „Ер Азија“ го исклучил заштитниот систем

Капетанот на авионот на „Ер Азија“, кој во декември минатата година се урна во Јаванско Море, не бил на своето место за време на несреќата. Со авионот управувал копилотот, кој изгубил контрола, а додека капетанот да се врати на своето место, веќе било предоцна за спасување на авионот кој паѓал, пишува „Индипендент“, повикувајќи се на два извори поврзани со истрагата. Изворите велат...

Обвинителството го доби извештајот за падот на „кингерот“

Меѓународниот стручен тим денеска до македонското Јавно обвинителство го достави извештајот за авионската несреќа во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски и осуммина негови соработници и членови на екипажот. - Јавното обвинителство на Република Македонија го достави извештајот до надлежното обвинителство на понатамошно разгледување и анализа, по што ќе излезе со информации за евентуално понатамошно постапување - стои во...

Француските офицери на СФОР – важна, ама заборавена алка за падот на „кингерот“

Во новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој животот го загуби претседателот Борис Трајковски, според она што го пренесуваат босанските медиуми, не се споменува одговорност на СФОР за несреќата, што повторно го наметнува прашањето дали исклучувањето на воената мисија на НАТО во БИХ од можна вина е засновано на официјални искази на француските офицери кои кобното утро, на...

Падот на „кингерот“ не е диверзија, туку системски пропуст

Пред падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски немало експлозија, ниту пожар, а нема ниту траги кои би упатувале на диверзија или на терористички акт, е ставот на истражната комисија, наведен во извештајот, кој вчера бил предаден на обвинителството на Босна и Херцеговина и на министерството за сообраќај и комуникации на БИХ, јавува федералната телевизија на...

(ВИДЕО) Москва: Воен авион се урна крај училиште

Руски воен авион „МИГ-29“ се урна за време на пробниот лет во близина на училиште надвор од Москва. Двајцата пилоти успеале да се катапултираат од авионот пред тој да се урне. И двајцата се хоспитализирани. Авионот се урнал во близина на селото Чемодурово, југоисточно од Москва, за време на пробниот лет, кој бил вршен од Институтот за тест-летови на воената...

Извештајот за падот на „кингерот“, во кој загина претседателот Трајковски, испратен во Македонија

Извештајот за падот на авионот, во кој во 2004 година животот го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски и членови на неговиот кабинет, е испратен до македонските власти, изјавил шефот на истражниот тим за утврдување на причините за авионската несреќа, Омер Кулиќ, за агенцијата „Срна“, пренесуваат медиумите. Кулиќ, за „Срна“, посочил дека до средината на декември, извештајот ќе биде подготвен и...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...