fbpx

Авионска несреќа во Јапонија – четворица загинати

-

Четири лица настрадаа во близина на пистата на аеродромот Јао во Осака, на западот на Јапонија откако се урна мал авион, јавуваат локалните медиуми.

На телевизиските снимки од Јапонија се гледа дека авионот е тешко оштетен, а врвовите на крилата се скршени.

Официјален претставник на противпожарните служби соопшти дека четирите лица кои се наоѓале во авионот се мртви, но дека нема настрадани лица кои се наоѓале на земјата.

Јапонските медиуми пренесуваат дека авионот „муни М20ц“ полетал од Кобе и се обидел да слета на аеродромот во Јао.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...