Египетската војска денеска соопшти дека ги пронашле остатоците од авионот кој се урна на лет од Париз до Каиро.

Портпаролот на војската рече дека остатоците се пронајдени на околу 280 километри од египетското пристаниште Александрија.

Авионот од типот „Ербас А320“ на компанијата „Египет ер“, со 66 патници и членови на екипажот во четвртокот исчезна од радарите.