fbpx

Попоски и Штајнмаер во Брисел разговарале за политичката криза

-

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер и неговиот македонски колега Никола Попоски, на средба во Брисел размениле мислења за актуелната политичка криза за земјава, твитна германското министерство за надворешни работи.

Повеќе детали за средбата засега не се соопштуваат.

Попоски е во Брисел на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, каде учествува на министерски состанок во рамките на Северно-атлантски совет и оперативните партнери во мисијата „Решителна подршка“.

Германското МНР вчера преку соопштение ја подзрави одлуката на Собранието за „повторно одложување“ на изборите и повика на спроведување на кредибилни реформи и побара итно повлекување на одлуката за аболиција на политичари што претседателот Ѓорге Иванов ја донесе минатиот месец.

Специјалниот пратеник на шефот на германската дипломатија, Јоханес Хајндл со средбите со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи ја заокружи својата агенда од дводневната посета на земјава за изнаоѓање на решение за излез од политичката криза.

– Мојот став е ист со последното соопштение на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини. Значи треба државните интереси да се стават над политичките – изјави Хајндл по средбата со лидерите на ДУИ и ДПА, во Тетово.

Тој вчера се сретна со претседателот, Ѓорге Иванов, спикерот на собранието Трајко Вељаноски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...