Потврдена смртта на 23 лица во авионската несреќа во Непал

Дваесет и три лица ззагинааа при откако авион се урна поради лошото време во Непал, соопшти полицијата.

Авионот, сопственост на приватната компанија „Тара ер“ летал од Похара, јужно од главниот Катманду, кон Џомсом, во моментот кога изгубил контакт со контролата за летање.

– Авионот се распаднал и нема преживеани – рече полицискиот претставник Бишвараџ Кадка.

Претставниците велат дека густа магла го обвила подрачјето Мостанг, во кое паднал авионот.

Областа на планината Анапурна е популарна меѓу излетниците.

Сличен авион падна на западот на Непал во 2014 година, при што загинаа 18 лица.