fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Еден месец по „Куманово“: Факти, контрадикции, шпекулации и неми институции…

Денеска е точно еден месец од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Пред четири недели Македонија доживеа колективен шок од кој сè уште закрепнува, што поради сериозноста на заканата, што поради фактот дека сè уште има многу неодговорени прашања,...

Котевски: Имаме сознанија и предупредивме на одмазднички акции за Куманово

Имаме оперативни сознанија дека одредни поддржувачи на терористичката група која беше ликвидирана во Куманово, имаат планови за киднапирање функционери на Министерството за внатрешни работи и напади на витални државни институции, за што испративме инструктивна телеграма до раковдните лица во полицијата за зголемување на мерките за безбедност, изјави за „Мета“, помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски. - Ги имаме тие оперативни сознанија...

Откриени 18 илегални мигранти во товарен воз

Патролен тим од полициската станица за гранично надгледување и граничниот премин Богородица, во саботата викендов, откриле 18 илегални мигранти, сокриени во камионска приколка, товарена на еден од вагоните на товарниот воз, кој сообраќал на линијата од Солун до Ламбах, Република Австрија, соопшти МВР. Mигрaнтите, како што стои во соопштението на МВР, биле откриени „при извршување на зајакнато обезбедување на државната...

Реџеп Реџепи бил во притвор, а МВР тврди дека се борел во Куманово

Реџеп Реџепи не можел да биде дел од случувањата во Куманово бидејќи 16 дена пред инцидентот бил уапсен и сè уште е во притвор, тврди братот Рефки Реџепи за телевизијата „Телма“. Браќата Реџепи беа приведени на 23 април, два дена по нападот во Гошинце, откако во нивната шупа бил пронајден експлозив. Реџеп Реџепи се најде на листата на МВР со седумте...

Со УБК и со БЈБ ќе раководат добар фудбалер и верна сенка

Назначувањето на новите директорите на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски, и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, иако можеби изгледаше малку изненадувачки, од аспект на кадровски решенија, бидејќи, многу малку или воопшто не ѝ се познати на јавноста, сепак, од разузнавачката заедница и од полицијата неофицијално велат дека нивниот избор си има своја логика, на...

Делчев бара реална пресметка на мајските прекувремени часови на полицајците

Реална пресметка и исплата на прекувремените работни часови на полициските службеници, кои изминативе триесетина дена беа ангажирани околу случувањата во државата, побара денеска од надлежните во Министерството за внатрешни работи (МВР)  претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев - Тодев. - Не може за вработените во МВР кои направиле повеќе од 200 работни часа од предвидениот фонд на работни часови...

МВР казни 15 полицајци

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1, точки 2 и 4 и член 207, став 1, точки 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е...

Нова контроверза за акцијата во Куманово: И полицаец бил меѓу терористите?

Меѓу уапсените припадници на терористичката група, што пред десетина дена беше разбиена во Куманово, сепак, има и полицаец, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски. На нашето прашање дали е точно дека меѓу приведените во акцијата во Куманово имало и полициски службеник, Котевски одговори: „Да, мислам дека е точно“. Истото прашање го...

Котевски: Ангажиравме „соодветен број“ полицајци за протестот

„Соодветен број полициски службеници“ ќе бидат ангажирани  од Министреството за внатрешни работи (МВР) за обезбедување и за одржување на редот и на мирот на денешниот голем митинг во Скопје, изјави за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. На булеварот Партизански одреди може да се забележи конвој од полициски оклопни возила како се движат кон центарот на градот. Котевски...

МВР: Идентификувани телата на командант Нато и на командант Бегу, уапсен командант Соколи

По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група, Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото на Интерпол Скопје, почнало со процедура за потврдување на идентитетот на лицата. Како што информираат од МВР, досега бил потврден идентитетот на Мирсад Ндрецај (36), познат како командант Нато, за кого, според полицијата, постојат сомневања дека бил еден од лидерите на групата ликвидирана во...

Јанкулоска и Котевски го чекаат Чавков на кафе

Ќе има ли официјална церемонија како своевиден протокол за примопредавање на функцијата меѓу досегашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и нејзиниот наследник, Митко Чавков, од МВР не можат со сигурност да потврдат. Помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, за „Мета“ вели дека „се чека да заврши гласањето за предлог-министер за внатрешни работи во Собранието“, по што...

МВР објави нова видеоснимка од апсењето на терористите во Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави нова видеоснимка од акцијата за разбивање на терористичка група во кумановското Диво Насеље, што се одвиваше во саботата и во неделата. На снимката, според МВР, се гледа предавањето на дел од терористите на полициските сили. https://www.youtube.com/watch?v=D9Hy9FHb4tk

МВР: Пронајдено оружјето украдено при нападот на караулата Гошинце

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска преку соопштение информираше дека дел од уапсените во полициската акција во Куманово ја потврдиле инволвираноста во нападот на полициската станица во Гошинце на 21 април и го посочиле местото на кое го сокриле оружјето украдено од караулата. „Врз основа на добиено оперативно сознание, на 10 мај беа извршени претреси на две локации во Малино...

МВР објави уште една видеоснимка од полициската акција во Куманово

Министерството за внатрешни работи објави уште една видеоснимка од вчерашната акција за разбивање за терористичката група во кумановското Диво Насеље. https://www.youtube.com/watch?v=-FZu_DEPqxw

Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против определен број лица, за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, информираат од Обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по примената кривична пријава...

Откажан е Скопскиот маратон

Скопскиот маратон е откажан поради вчерашните случувања во Куманово. Организаторите на маратонот велат дека информацијата за откажувањето ја добиле од медиумите, без да бидат инфромирани од коорганизаторот Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, и Министерството за внатрешни работи. Тие се обидуваат да добијат повеќе информации за одлуката, а наскоро ќе излезат и со соопштение на нивната интернет-страница, како...

Тројца загинати полицајци во престрелките во Куманово, акцијата е при крај

Тројца припадници на безбедносните органи загинале во престрелките во полициската акција во Куманово која е при крај и се претресуваат последните куќи во регионот на Диво Насеље. Оваа информација ја пренесуваат медиумите од Куманово, но за неа сè уште нема официјална потврда. Според истите неофицијални извори, повредени се уште десетина лица, а наводно на полицијата ѝ се предале 30-тина терористи. Во меѓувреме, жителите...

Во Куманово уште се пука, се евакуира населението од подрачјето на акцијата

Жителите на Диво Насеље во Куманово се евакуираат, а полициската акција сè уште трае. Во населбата повремено се слушаат пукотници. Приодот до населбата е затворен, освен за полициски и за возила на Брза помош. Нема официјална информација за точниот број на повредени лица или за жртви, иако во соопштението на Амбасадата на САД беше изразено „сочувство за загинатите“. Неофицијално се говори дека 20...

Нови пукотници и детонации во Куманово, се зголемува бројот на повредени

Полициската акција што утрово почна во Куманово, за, како што велат од МВР, ликвидација на вооружена група, сè уште е во тек. Според новинарските екипи кои се на терен, од кумановско Диво насеље, каде се одвива полициската операција, сè уште се слушаат истрели и детонации. Според последните информации, за кои нема потврда, повредени се најмалку 15 полицајци, од кои тројца, наводно, се...

Клинички центар затворен за новинари

Репортерот на „Мета“ јавува дека Клинички центар, каде што се префрлени неколкумина повредени полицајци по вооружената престелка во Куманово, е забранет влез за новинари и не се даваат официјални информации за бројот на повредени. Се забележува зголемено присуство на полициски службеници. Директорот на центарот вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство, Никола...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...