Нови пукотници и детонации во Куманово, се зголемува бројот на повредени

-

Полициската акција што утрово почна во Куманово, за, како што велат од МВР, ликвидација на вооружена група, сè уште е во тек. Според новинарските екипи кои се на терен, од кумановско Диво насеље, каде се одвива полициската операција, сè уште се слушаат истрели и детонации.

Според последните информации, за кои нема потврда, повредени се најмалку 15 полицајци, од кои тројца, наводно, се во критична состојба. Некои медиуми пренесуваат дека има и жртви.

Силни полициски единици се присутни на улиците во градот, кој постојано го надлетуваат хеликоптери.

Жителите од оваа населба за „Порталб“ велат дека акцијата уште трае. Анеса Алити, која живее во овој крај, вели дека од нејзиниот двор слушнале како специјалците велат „жолтата куќа е чиста“, што имплицира дека се вршеле рации по куќите.

– Не може да се разбере она што се случува надвор од прозорецот, слушнав пукања. Слушнавме хеликоптери и сирени од брза помош неколкупати. Видовме и чад на небото. Жителите од околните куќи ги слушнале зборовите „… жолтата куќа е чиста…“, што значи дека има рации во домовите – вели Алити.

– Од утрово Куманово е во приправна состојба. Утрото нè затече со детонации, пукотници, хеликоптери и тоа трае цел ден. Има акција на МВР за ликвидација на вооружена група која неколку дена е присутна во тој дел на градот – рекол кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, пренесува „Нова ТВ“.

Тој изјавил дека ситуацијата во градот е драматична и ги повикал граѓаните да останат мирни и присебни и да не подлегнуваат на провокации.

– Граѓаните да останат мирни, да ја сочуваат присебноста, да не се вклучат во никакви групи заради етнички поделби, зашто сите контакти со политичките партии и со граѓанските организации, особено албанските, велат дека никој не дава поддршка и дека кризата треба да се заврши со елиминација на оваа група и со враќање на мир и на спокојство на граѓаните во Куманово – апелирал кумановскиот градоначалник.

Според порталот, станувало збор за вооружена груа од околу 50 до 70 лица, кои, наводно, се сместени во приватна куќа.

Помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски, и министерот за здравство, Никола Тодоров, ги посетија повредените полицајци, кои се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

И таму се забележува зголемено присуство на полициски службеници.

На новинарите не им е дозволен пристапот до клиниките.

Директорот на центарот вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство, Никола Тодоров, или министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Еленчето кое се дави во базен на ова видео е спасено и пуштено на слобода

Видеоматеријалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како...