fbpx

Откажан е Скопскиот маратон

-

Скопскиот маратон е откажан поради вчерашните случувања во Куманово. Организаторите на маратонот велат дека информацијата за откажувањето ја добиле од медиумите, без да бидат инфромирани од коорганизаторот Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, и Министерството за внатрешни работи. Тие се обидуваат да добијат повеќе информации за одлуката, а наскоро ќе излезат и со соопштение на нивната интернет-страница, како и на страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“.

Од МВР потврдија дека маратонот е откажан поради загинатите полицајци во Куманово, но за повеќе детали за маратонот упатија кон Град Скопје.

Од службата за односи со јавноста на Град Скопје засега нема пристигнато допис за откажување на маратонот ниту, пак, беа достапни за каква било информација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...