fbpx

Јанкулоска: Загинаа пет, ранети се повеќе од 30 полицајци, состојбата е уште високо ризична

-

„Полицајците Жарко Кузмановски, Сашо Самојлоски, Ненад Серафимовски и уште двајца се денешните херои на Македонија. Во мое име и во името на припадниците на безбедносните сили, сакам да им изразам сочувство на нивните семејства“, видно растревожена, ја почна вечерашата прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

– Сите покажаа чувство на заштита на државата. Сите припадници се бореа против една опасна терористичка организација. Шестмина колеги беа повредени при чистењето на теренот. Во моментов сè уште трае операцијата на теренот и ќе трае сè додека не сме сигрни дека и последниот терорист не биде елиминиран – истакна Јанкулоска.

Таа објасни дека се пука веќе 16 часа. По добиени оперативни сознанија, Јанкулоска нагласи дека утрово почнала акција за разбивање на поголема терористичка група, која планирала напади на државни институции. Групата влегла илегално од една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила. Надлежните служби при МВР успеале да ги лоцираат во куќи во кумановско Диво Насеље. На нападот било одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата.

Отпорот бил совладан околу 18 часот и првата група од околу 20 терористи се предале. Во нареднит период ќе бидат направени службени разговори и ќе се истражува нивната инволвираност. Припадниците на полицијата сè уште се на терен и ситуацијата сè уште е сложена.

Таа рече дека се повредени повече од 30 полицајци, а нема информации за загинати цивили. Јанкулоска истакна дека терористите биле од една соседна земја и од Македонија.

– Имавме информација дека имаа оружје, но немавме информации колку оружје имале. Во овој момент не може да се знае колку терористи има, затоа што претсрелката сè уште трае. Ова е премногу сериозно за да се користи за дневно-политички поени и би замолила сите да се однесуваат според состојбата на државата – заклучи Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...