fbpx

Котевски: Имаме сознанија и предупредивме на одмазднички акции за Куманово

-

Имаме оперативни сознанија дека одредни поддржувачи на терористичката група која беше ликвидирана во Куманово, имаат планови за киднапирање функционери на Министерството за внатрешни работи и напади на витални државни институции, за што испративме инструктивна телеграма до раковдните лица во полицијата за зголемување на мерките за безбедност, изјави за „Мета“, помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.

– Ги имаме тие оперативни сознанија и врз основа на нив, ја испративме таа инструктивна телеграма. Продолжуваме да ги проверуваме сите сознанија и да се подготвуваме за сите можни предзвици. Во тие рамки, издадени се упатства за обезбедување на лицата и на објектите за чија безбедност е задолжено Министерството за внатрешни работи, за постапување и за ракување со службената опрема и со возилата и насоки во однос на обезбедувањето и патролирање на северната државна граница – вели Котевски.

Според неофицијални информации, изминатите денови единиците и секторите на МВР биле ангажирани и имале активности со резервниот состав на полицијата, во чии рамки на резервистите им било посочено да бидат подготвени да ги преземат надлежностите на полицајците од редовниот состав во градовите, во случај тие да бидат прераспоредени на задачи на друго место.

На прашање на „Мета“ дали овие активности се дел од превентивните мерки по добиените оперативни сознанија за можни одмазднички акции, Котевски без конкретен одговор, ниту ги потврди ниту ги демантира овие информации.

– Детали во однос на мерките не откриваме – вели Котевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...