Делчев бара реална пресметка на мајските прекувремени часови на полицајците

-

Реална пресметка и исплата на прекувремените работни часови на полициските службеници, кои изминативе триесетина дена беа ангажирани околу случувањата во државата, побара денеска од надлежните во Министерството за внатрешни работи (МВР)  претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев – Тодев.

– Не може за вработените во МВР кои направиле повеќе од 200 работни часа од предвидениот фонд на работни часови во овој период, поедници да одлучуваат и таа бројка на часови на крајот на месецот да биде 16 или 32. Независниот синдикат веќе подготви списоци за оние кои беа ангажирани во мај и бројот на работните часови е многу поголем од тој што го предвидува законот за работни односи. Бараме тие да бидат наградени со една просечна плата во најмала рака – рече Делчев – Тодев на денешната прес-конференција пред влезот на МВР.

Тој истакна и дека досегашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во својот мандат нанела големи штети во Министерството и дека внела страв кај вработените кои не можат слободно да зборуваат за проблемите со кои се сочуваат.

Претседателот на независниот полициски синдикат побара и отштетата, што Владата најави дека ќе им биде исплатена на семејствата на осумте загинати припадници на специјалните полициски единици при акцијата во Куманово, наместо по 70.000 евра, да изнесува еден милион евра.

Министерството за внатрешни работи не го признава Независниот полициски синдикат за репрезентативен синдикат на вработените во МВР.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...