МВР: Пронајдено оружјето украдено при нападот на караулата Гошинце

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска преку соопштение информираше дека дел од уапсените во полициската акција во Куманово ја потврдиле инволвираноста во нападот на полициската станица во Гошинце на 21 април и го посочиле местото на кое го сокриле оружјето украдено од караулата.

„Врз основа на добиено оперативно сознание, на 10 мај беа извршени претреси на две локации во Малино маало, село Брест, на отворен простор, во импровизирани бункери. При претресите пронајдено е поголемо количество оружје и муниција“, стои во соопштението од МВР.

Како што информираат оттаму, при претресите биле најдени вкупно 61 парче автоматско оружје, односно:

  • 21 автоматска пушка од украинско потекло,
  • 35 автоматски пушки од југословенско потекло
  • 1 автоматска пушка од кинеско потекло,
  • 1 полуавтоматска пушка
  • 3 пушко-митралези,
  • 8 сандаци со муниција калибар 7,62 од кои 7 се пломбирани сандаци со муниција и еден отворен.

„Од првично направените проверки, утврдено е дека од вкупно 59 парчиња автоматско оружје, кои имале јасни и видливи сериски броеви, 54 пушки со сериски број се сопственост на МВР на РМ, односно оружјето кое било одземено од криминално-терористичката група од полициската станица за граничен надзор Гошинце на 21 април 2015 година“, стои во соопштението на МВР, во кое се додава дека  пронајдената муниција дополнително ќе се вештачи, за да се утврди дали се работи за истата што била одземена од караулата Гошинце.

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката...