fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Во иднина побрзо до германски пасош, усвоени нови законски измени

Во Германија луѓето кои немаат германско државјанство во иднина ќе можат побрзо да се натурализираат и притоа да го задржат својот странски пасош. Бундестагот ја усвои соодветната реформа на законот, јави германската агенција ДПА. Денеска за измените на законот за државјанство гласале 382 пратеници, против беа 234, а воздржани 23. Реформата првенствено беше поддржана од пратениците на владејачките партии, односно социјалдемократите...

Писториус: Војната може да се прошири, Кремљ се заканува речиси секој ден

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека војната во Украина може да се прошири, пишува германската новинска агенција ДПА. „Речиси секој ден слушаме закани од Кремљ“, изјави тој денеска за весникот „Тагесшпигел“. Русија за последен пат им се закани на балтичките држави, изјави Писториус во интервјуто по повод една година од преземањето на функцијата. „Мора да сметаме, додаде тој, „дека...

Стотици летови поради снежно невреме беа откажани на аеродромот во Франкфурт

Стотици летови на аеродромот во Франкфурт вчера беа откажани, откако зимската бура го принуди германскиот авијациски центар накратко да ги запре полетувањата и слетувањата. „Повеќе од 300 од околу 1.000 планирани летови во четвртокот беа откажани“, изјави портпаролката на аеродромскиот оператор Фрапорт, пренесе германската агенција ДПА. Авионите пристигнуваат во Франкфурт и поаѓаат од аеродромот, но воздушниот сообраќај сè уште се опоравува...

Германската влада планира да престане да рекламира нездрава храна за помлади од 14 години

Помалку шеќер, масти и сол во храната, особено за децата, а повеќе органска и храна од регионот, предвидува Стратегијата за исхрана што вчера ја усвои германската влада, пренесува новинската агенција ДПА. „Сакам секој да го добие вистинскиот избор на добра храна“, рече министерот за храна и земјоделство Џем Оздемир. Вкусната, здрава и одржлива храна не смее да зависи од парите или...

Илјадници трактори во Берлин – почеток или крај на протестот?

Илјадници земјоделци го блокираа Берлин со трактори во понеделникот, во екот на еднонеделните протести против владата и укинувањето на субвенциите за дизелот, објави германската агенција ДПА. Според објавата, Владата ги брани мерките за штедење и ветува некои други олеснувања, но отворено е прашањето дали е завршен протестот на земјоделците. Според проценките на полицијата, околу 8.000 земјоделци со 6.000 трактори влегле...

Радикалната десница со рекордна поддршка, германските служби со предупредување

Радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) за првпат успеа да се искачи на анкетите со поддршка од 24 отсто од германските граѓани, покажува истражувањето на институтот Југов, јавува германската новинска агенција ДПА. Ова е потврда на трендот за раст на поддршката на АФД од изминатите месеци, бидејќи партијата веќе подолго време на анкетите на различни истражувачки куќи котира на...

Шолц предупредува дека радикалната десница сака да протерува имигранти од Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска остро ги осуди плановите на радикално десничарските екстремисти за протерување на имигрантите од Германија, велејќи дека никој не заслужува да се суди за тоа од каде доаѓа или по бојата на кожата, јавува германската новинска агенција ДПА. „Нема да дозволиме поделби во нашата земја врз основа на тоа дали некој има историја на имиграција или...

Германија во хаос – по земјоделците, нов штрајк започнаа машиновозачите

Германија деновиве е погодена од серија на штрајкови, кои предизвикуваат големи проблеми во тамошното општество. По блокадите на земјоделците, во Германија денеска стапија на штрајк машиновозачите кои од почетокот на ноември се во спор со раководството на Дојче Бан околу висината на платите, јавува германската новинска агенција ДПА. Прекинот со работа започна во два часот наутро во среда во патничкиот...

Вештачка интелигенција во училиштата: Германските наставници бараат поддршка

Германското здружение на наставници смета дека се потребни подобри услови во Германија за да може адекватно да се обработи темата за вештачката интелигенција во училиштата, јавува германската новинска агенција ДПА. „Би било важно училиштата да добијат анонимен, т.е. пристап во согласност со заштитата на податоците за употреба на големи јазични модели и сложени програми за преведување, како и програми за...

Европа и заштитата на климата – најважни прашања за Германците за 2024 година

Зајакнувањето на единството на Европа за повеќе од половина (52 отсто) од германските граѓани е најважното надворешнополитичко прашање за следната година. Следно, со 35 отсто гласови е подобрувањето на глобалната заштита на климата, покажува анкетата на институтот Форса за списанието „Интернешнл Политик“ (Internationale Politik), пренесува германската новинска агенција ДПА. Со тесна разлика, 32 отсто од испитаниците го навеле ограничувањето на влијанието...

Сè повеќе вработени се на боледување поради психички проблеми

Вработените во Германија минатата година поминале 130 милиони денови на боледување поради психички проблеми и нарушувања во однесувањето, пренесува германската новинска агенција ДПА. Тоа е за четири милиони повеќе отколку во 2021 година, покажуваат податоците на германското Министерство за труд. Економската загуба поради овие боледувања изнесува околу 17,2 милиони евра, соопшти Министерството, во одговор на прашање на пратеничката група на...

Повеќе од милион барања за азил во ЕУ годинава

До крајот на годинава ќе има повеќе од еден милион луѓе кои бараат азил во Европската Унија, покажуваат податоците на Агенцијата за азил на ЕУ. Најпосакувана дестинација е Германија, а веднаш потоа следуваат Франција и Италија, соопшти германската новинска агенција ДПА. „Ќе има повеќе од милион барања,” изјави шефицата на агенцијата Нина Грегори, за медиумската група „Функе“. Во октомври имало околу...

Германија одобрила околу 125.000 визи за обединување семејства во 2023 година

Германските власти до 12 декември годинава издале 124.625 визи за обединување на семејството, што е значително повеќе од околу 117.000 за цела 2022 година, пренесе германската новинска агенција ДПА. Податоците ги соопштило Министерството за надворешни работи, на барање на пратеничката на партијата Левица во Бундестагот, Клара Бингер. Помал удел добиле роднините на признаените бегалци, 10.570 визи, потоа семејствата на лицата со...

Десничарската опозиција во Германија бара нова коалициска власт

Германската трипартиска коалиција на Олаф Шолц е во спор поради буџетот и затоа на земјата ѝ треба нова влада која ќе ја предводат демохристијаните, изјави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц, пишува германската новинска агенција ДПА.  Мерц за ДПА изјави дека тој и лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Маркус Зедер се сложни дека актуелната...

Помош преку телефон: Во Германија луѓето најмногу ги мачи осаменоста

Во Германија оваа година повторно повеќе од милион луѓе се обратија до телефонските советувалишта со своите грижи, потреби и стравови, објави агенцијата ДПА. Војната на Блискиот Исток и Украина, осаменоста и депресијата се вообичаени причини за повиците, според Луџер Сторч, претседател на националната работна група за телефонско советување. За оваа година сè уште нема конечна проценка, но се очекува слична бројка...

Руската агресија врз Украина продолжува, акцент ставен на нападите со дронови

фото: укринформ
Украинската воздушна одбрана соборила 34 од 35 руски беспилотни летала лансирани во голем напад во текот на ноќта кој бил извршен врз 12 украински региони, пренесува Гардијан.  Дроновите од иранско производство биле лансирани во неколку бранови од околу 20 часот синоќа до 3.30 часот утрово, соопшти военото воздухопловство на Телеграм, а мета биле региони како Кијив, Херсон, Запорижја, Николаев, Днипро...

Хаос во Германија: Уставниот суд одлучи да се прегласуваат изборите во Берлин од 2021

Во Берлин ќе мора да се повторат дел од неуспешните избори за националниот парламент што се одржаа во септември 2021 година, одлучи во вторникот Уставниот суд на земјата, пренесува германската новинска агенција ДПА. Изборите ќе треба да се повторат во 455 изборни единици и соодветните гласачки области по пошта, рече уставниот судија што претседаваше, Дорис Кениг. Станува збор околу една...

Српската опозиција и денеска во Белград ќе организира протест

Опозициската коалиција „Србија против насилството“ денеска ќе организира нов протест пред српскиот парламент и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), јавува весникот Данас. Претставниците на опозицијата критикуваат дека изборниот процес на изборите во Белград и во Србија бил нелегитимен. „Ќе ги повикуваме луѓето секој ден да се собираат пред зградата во која се наоѓа Републичката изборна комисија. Невозможно е...

Германија размислува за повторно воведување на задолжителен воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека разгледува модели за задолжително служење на војска во Германија, а кој би претставувал сличен на шведскиот модел, јавува германската новинска агенција ДПА. „Таму се проценуваат сите млади жени и мажи и само еден избран дел на крајот го служи основниот воен рок. Дали е тоа нешто што е замисливо и кај нас...

Бундесратот за проширувањето на ЕУ: Не заборавајте на Западен Балкан

Бундесратот, државниот совет на германскиот парламент, го поддржа почетокот на преговорите за пристапување на Украина и Молдавија кон Европската Унија, како и европскиот пат на земјите од Западен Балкан, пренесува германската новинска агенција ДПА. „Проширувањето се должи на развојот на настаните во светот во геополитички интерес на самата Европска Унија“, се вели во заедничката изјава што пратениците ја изгласаа вчера. „Историјата...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...