fbpx

Сè повеќе вработени се на боледување поради психички проблеми

Жените во Германија лани имале 77 милиони боледувања поради психички проблеми, два милиони повеќе од 2021 година, а мажите 53 милиони денови, што е исто така зголемување за два милиони

-

Вработените во Германија минатата година поминале 130 милиони денови на боледување поради психички проблеми и нарушувања во однесувањето, пренесува германската новинска агенција ДПА. Тоа е за четири милиони повеќе отколку во 2021 година, покажуваат податоците на германското Министерство за труд.

Економската загуба поради овие боледувања изнесува околу 17,2 милиони евра, соопшти Министерството, во одговор на прашање на пратеничката група на Левица во Бундестагот.

Левица тврди дека и боледувањата и трошоците се на рекордно високо ниво.

Жените лани имале 77 милиони боледувања поради психички проблеми, два милиони повеќе од 2021 година, а мажите 53 милиони денови, што е исто така зголемување за два милиони.

Според министерството, причините за боледување се сложени.

Покрај факторите кои влијаат на општеството во целина, како што се последиците од актуелните кризи, „се претпоставува дека причините се и зголемената отвореност во справувањето со менталните болести“.

Вработените се погодени од кризи и промени како што се дигитализација, климатска транзиција, стареење на општеството и недостаток на квалификувани работници.

Особено страдаат вработените во областите како што се здравствената заштита, грижата и образованието, изјавила левичарската политичарка Сузан Фершл.

„Владата мора конечно да направи нешто, да одвои пари и да преземе конкретни мерки за да се прекине маѓепсаниот круг на превработеност и недоволно персонал“, изјавила Фершл.

Според податоците на Заводот за заштита на трудот, лани имало вкупно 888,9 милиони денови боледувања, а загубите изнесуваат 118 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...