fbpx

Зибери: Тешка година за правата на децата, но и за лицата кои одлежуваат затворска казна

„2023 година ќе ја опишам како неповолна за заштита на правата на граѓаните, а посебно тешка за детските права, кои кон крајот на годината, за жал, одзедоа и живот на едно младо девојче – Вања Ѓорчевска, но тешка и за правата на лицата кои издржуваат казна затвор во земјата“

-

2023 година ќе ја опишам како неповолна година кога се работи за заштитата на правата на граѓаните, а посебно беше тешка за детските права, кои кон крајот на годината, за жал, одзедоа и живот на едно младо девојче – Вања Ѓорчевска. Годинава беше тешка и за правата на лицата кои издржуваат затворкски казни, заклучи денес народниот правобранител, Насер Зибери на прес-конференција.

Во врска со насилството врз затворениците во Идризово кажа дека при претсрес изведен годинава, припадници на специјалните единици на МВР физички ги нападнале затворениците иако не давале никаков отпор.

„Разговаравме со 10 затвореници и сите дадоа скоро идентична изјава, затворениците насила биле вадени од креветите каде спиеле, биле тепани иако не давале отпор. Потоа биле врзани и извадени во ходниците, каде што биле оставени да клечат со врзани раце. По кажување на затворениците, тие биле принудени да ги исчистат просториите од искршените предмети при претресот и дејствувањето на полицијата и при спроведување на акцијата за собирање и чистење повремено биле удирани од полицијата. Од увидот кај осудените лица беа констатирани видливи повреди”, изјави Зибери.

Тој кажа и дека според снимките, се потврдува дека немало отпор од осудените лица сместени во затворот.

За проблемите со образовните институции тој потенцира дека годинава имало потешкотии кај детските права и образование.

Годината ја одбележа и недостаток на учебници, задоцнето доделување на сведителства и задоцнет почеток на учебната година за децата од албанска националност во општините Гази Баба, Велес и Чашка. Тие покасно ја започнале учебната година бидејќи не било овозможено да се образоваат на мајчин јазик.

„Правото за образовие на мајчин јазик децата требаше да го бараат преку протести на улица“, кажа Зибери.

Дополнително, 16 ученици не биле примени во училиште по уписите, со објаснување дека не ги исполнуваат условите за упис. Но по укажувањата на народниот правобранител, две недели по почетокот на учебната година, 13 од нив започнале со настава.

Оние кои останале незапишани, биле примени во друга гимназија, каде што учат на македонски јазик бидејќи нема кадар кој ќе им предава на албански јазик. Правобранителот кажа дека немало решение за учениците во основно училиште во општина Гази Баба, и во основно училиште во општина Чашка. Вели дека вината за ситуацијата се префрла од еден на друг, а нема напор да се реши проблемот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...