fbpx

Народниот правобранител: МВР бесплатно треба да ги замени важечките документи

Тој потсетува дека по службена должност веќе две години бараат Владата да ги поднесе трошоците за замена на важечките документи издадени од МВР што се прогласени за неважечки

-

Граѓани се жалат до Народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи. Народниот правобранител Насер Зибер тврди дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи.

Во однос на претставките што доаѓаат до Канцеларијата на народниот правобранител, Зибери вели дека сред метежите за лични документи, има многу поплаки од граѓани.

„Претставките воглавно се однесуваат на две прашања, првото е неможноста да закажат термин за стекнување со лични документи, а второто е проблемот за надоместокот за трошоците за обновување на документи кои согласно законските решенија се валидни, а поради измените на Уставот на 12 февруари стануваат неважечки“, вели Насер Зибери.

Тој потсетува дека по службена должност веќе две години бараат Владата да ги поднесе трошоците за замена на важечките документи издадени од МВР што се прогласени за неважечки.

„Ние баравме Владата, односно државата да ги сноси тие трошоци, за сите граѓани, кои по стапување на сила на измените на Уставот и стапување на сила на уставниот закон за спроведување на амандманите, се стекнале со нови документи со старото име на државата, а заради измени на Уставот ќе бидат неважечки, бидејќи сметаме дека државата по стапување на сила на уставните измени не смеела да издава лични исправи со стари обрасци, односно со името Република Македонија, туку за сите тие граѓани требало навреме Министерството за внатрешни работи, да ги донесе подзаконските акти со тоа и да ги уреди обрасците за личните исправи, и со тоа граѓаните по стапување на сила на уставните измени требало да добијат исправи валидни согласно Уставот на Република Северна Македонија“, вели Зибери.

Остатокот од интервјуто може да се види тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...