недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: возачка дозвола | 22 резултати

Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец

март 23, 2025

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. МВР денеска соопшти […]

Од 1 јануари 100 евра казна за возачка дозвола со „Република Македонија“

септември 18, 2024

Прекршочен платен налог и парична казна во износ од 100 евра ќе добие возачот кој при барање на полициски службеник, нема да приложи важечка возачка дозвола, предвдува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возачките дозволи со старото име на државата „Република Македонија“, нема да важат после 31.12.2024 година, па затоа Министерството за внатрешни работи […]

Термин за лични документи отсега може да се побара онлајн

март 1, 2024

Од вчера е воведен уште еден начин за закажување на термин за фотографирање за лични документи, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи (МВР). Воведена е нова секција на интернет-страницата termin.mvr.gov.mk. Во секцијата наречена „Поднеси барање за термин“, граѓаните го внесуваат својот матичен број, оставаат телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да […]

МВР: Промената на возачките и сообраќајните е бесплатна, но мора да се плати административната такса

февруари 16, 2024

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека, согласно Решението за цените на обрасците што ги издава, возачките и сообраќајните дозволи со името „Република Македонија“ кои сè уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци. […]

МВР: Од утре на полноќ немојте да возите ако имате возачка со „Република Македонија“

февруари 11, 2024

Министерството за внатрешни работи известува граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година, согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија. „Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи […]

Народниот правобранител: МВР бесплатно треба да ги замени важечките документи

јануари 21, 2024

Граѓани се жалат до Народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи. Народниот правобранител Насер Зибер тврди дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи. Во однос на претставките што доаѓаат до Канцеларијата на народниот правобранител, Зибери вели дека сред […]

Лицата над 70 години до возачка дозвола само со лекарско уверение, предлага ЕУ

декември 5, 2023

Сообраќајните несреќи во ЕУ доведуваат до смрт на околу 20.000 лица, а бриселските власти сакаат ова да го променат, меѓу останатото, и со нова регулатива за сообраќајните дозволи, пишува германската новинска агенција ДПА. На заедничкиот состанок на министрите за сообраќај на земјите-членки на ЕУ вчера се најде и спорниот предлог за лицата постари од 70 […]

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи цел викенд

ноември 17, 2023

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и утре и задутре, односно за време на целиот викенд, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Работното време оваа сабота и недела на пунктот е од 8 до 16 часот, а граѓаните кои сакаат да направат промена на личните […]

Во ПС „Пролет“ дневно по 1.000 лица ќе може да ги заменат личните документи

ноември 15, 2023

Во новоотворениот пункт во полициската станица „Пролет“ ќе може по околу 1.000 лица во период од еден ден да ја поминат процедурата за промена на личните документи. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој заедно со раководството на МВР го посети новоотворениот пункт на МВР за промена на лични документи. „Од […]

Преспанскиот договор погрешно се толкува, личните документи треба да се сменат до февруари 2024 година

август 21, 2023

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и […]

Следната година е рокот кога граѓаните треба да ги заменат личните документи

мај 16, 2023

Следната 2024 година е рокот во кој треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот и Законот за јазиците, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во однос на зголемувањето на цените за вадење нови лични документи, Спасовски рече дека тоа се должи на зголемените цени на репроматеријалите. Инаку, […]

Јакимовски вети бесплатна возачка за млади, Општина Карпош ќе субвенционира 50 отсто од трошоците за обука

септември 21, 2022

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски:   Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и следното ветување: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да […]

Полицијата вчера во Скопје изрекла 376 казни за возачи и пешаци

септември 16, 2020

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден во Скопје продолжија со засилени контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Вчера на подрачјето на СВР Скопје изречени се 376 прекршоци по повеќе различни основи на возачи и пешаци од страна на полицијата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Меѓу напишаните казни, за […]

Полицијата во сообраќајни контроли во Скопје вчера напишала 514 казни

септември 15, 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) од вчера почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи во Скопје, но и на територијата на целата држава, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за […]

За поминување на црвено 250 евра, повеќето глоби за 50 евра помали

јануари 23, 2020

Предлог-законот за безбедност во патиштата, кој предвидува намалување на глобите за сообраќајните прекршоци го помина првото читање во Собрание и се очекува да биде донесен пред прогласување на парламентарните избори, пишува „Порталб.мк“. Граѓаните сè уште плаќаат казни според старата тарифа за сторените прекршоци во сообраќајот, иако законот е во Собрание и се чека да биде […]

Error 1200: Вака обично се добива возачка дозвола во Македонија (видео)

октомври 7, 2019

Младите од тим „Че Тим ТВ“ во следното видео откриваат како ја добил дозволата човекот којшто го прегазил „градоначалникот“. За повеќе детали, погледнете го видеото. Младите честопати разговараат меѓу себе, и на социјалните мрежи, околу проблемот со добивање возачка дозвола во Македонија. Она што најмногу ги загрижува е начинот на добивање на дозволата. Велат дека […]

Жените во Саудиска Арабија конечно добија право да возат

септември 27, 2017

Жените во Саудиска Арабија добија право да возат, што претставува пресврт во саудискиот конзервативизам. Промената се случува откако активисти бараа реформи во фундаменталистичкото кралство. Кралот Салман го воведе новитетот со кралскиот декрет што беше донесен синоќа, барајќи издавање возачки дозволи за жени кои сакаат да возат. Претходно овој месец, саудиски имам проповедаше дека на жените […]

Време е жените во Саудиска Арабија да возат, порача саудискиот принц Алвалид бин Талал

декември 2, 2016

Саудискиот принц Алвалид бин Талал повика на укинување на забраната жени да возат автомобили. Принцот преку „Твитер“ порача дека дека е крајно време саудиските власти да им дозволат на жените да управуваат автомобили. „Сопрете ги дебатите: време е жените да возат“, напиша принцот Алвалид бин Талал. كفى نقاش: حان وقت قيادة المرأة للسيارةhttps://t.co/BBgyF8i1Gs Stop the […]

Страна 1 од 1