Писториус: Војната може да се прошири, Кремљ се заканува речиси секој ден

Мора да сметаме, вели германскиот министер за одбрана, дека Владимир Путин еден ден ќе нападне дури и земја на НАТО

-

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди дека војната во Украина може да се прошири, пишува германската новинска агенција ДПА.

„Речиси секој ден слушаме закани од Кремљ“, изјави тој денеска за весникот „Тагесшпигел“.

Русија за последен пат им се закани на балтичките држави, изјави Писториус во интервјуто по повод една година од преземањето на функцијата. „Мора да сметаме, додаде тој, „дека Владимир Путин еден ден ќе нападне дури и земја на НАТО“.

Во моментов, сепак, министерот не смета дека таков напад е веројатен. Експертите пресметаа дека тоа би било можно за пет до осум години.

Со своето предупредување, Писториус, според неговите зборови, сака да го „разбуди“ германското општество и да укаже дека германската армија мора да биде „штаб за војна“.

Писториус веќе предложи повторно воведување на воен рок, со одредени измени. Тој очекува Министерството да го официјализира предлогот до април.

Тој зборуваше и за можноста луѓе кои немаат германско државјанство да служат воен рок.

„Нашите вооружени сили нема да бидат првите во Европа што ќе го направат тоа“, рече Писториус. Во Германија има луѓе кои живеат таму веќе од втората или третата генерација, но сè уште немаат државјанство.

Писториус ги отфрли повиците Германија да испрати поголема воена помош за Украина. Тој посочи дека мора да се води сметка за Бундесверот, германската армија, која не смее да остане „без одбрана“.

Тој потсети дека Германија досега испратила повеќе оружје во Украина од која било друга членка на Европската унија и ги повика европските партнери да направат повеќе.

„На сите треба да им биде јасно – доколку Путин победи во оваа војна и ја окупира Украина, секако дека опасноста за областа на алијансата (НАТО) ќе се зголеми“, заклучи Писториус.

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот...

Божиновска на Меѓународниот ден на девојки и жени во науката: Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во...