Десничарската опозиција во Германија бара нова коалициска власт

Мерц за ДПА изјави дека тој и лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Маркус Зедер се сложни дека актуелната влада треба да се распушти што е можно порано

-

Германската трипартиска коалиција на Олаф Шолц е во спор поради буџетот и затоа на земјата ѝ треба нова влада која ќе ја предводат демохристијаните, изјави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц, пишува германската новинска агенција ДПА. 

Мерц за ДПА изјави дека тој и лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Маркус Зедер се сложни дека актуелната влада треба да се распушти што е можно порано.

ЦДУ и ЦСУ се традиционални партнери и претставуваат најголема опозициска група во Бундестагот.

Ако коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите се распадне, предвремени избори може да се одржат на 9 јуни, истовремено со гласањето за Европскиот парламент.

Меѓутоа, патот до предвремените избори е комплициран: покрај останатото, канцеларот Олаф Шолц во парламентот мора да бара да се гласа за доверба на владата која ја води и тоа гласање да го изгуби. За сега тоа не може да се очекува.

Мерц сугерира дека излезноста може да биде висока поради двата изборни процеса во еден ден.

Имено, на европските избори во Германија се гледа внимателно. Сега се стравува дека во 2024 година крајно десничарската партија Алтернатива за Германија ќе освои добар резултат, што може да се спречи со висока излезност на изборите, или барем така некои се надеваат.

Мерц е резервиран околу залагањето на Зедер после изборите да се направи т.н. голема коалиција, односно сојуз меѓу демохристијаните и социјалдемократите, како што тоа веќе се случувало.

Прашањето е, според зборовите на Мерц, дали е тоа воопшто математички можно во случај кога СПД е толку маргинализирана.

„И да бидам искрен – немам најмногу симпатија за тоа“, изјави лидерот на ЦДУ, додавајќи дека СПД во анкетите на јавното мислење има околу 14 отсто поддршка од гласачите.

„Со таква партија веќе не може да се прави голема коалиција“, заклучи Мерц.

Меѓутоа, тој нагласи дека демохристијаните на избори секако нема да одат со ветувања за тоа со кого ќе влезат во коалиција.

Сојузот меѓу ЦДУ и ЦСУ во моментов на анкетите има поддршка меѓу 31 и 34 отсто од гласачите.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...