среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: недоверба | 18 резултати

Недовербата во бугарскиот претседател Радев за првпат е поголема од довербата

30 декември 2022

Најновата анкета на „Маркет линкс“ на бТВ покажува дека поголемиот дел од бугарските граѓани за првпат имаат поголема недоверба од доверба во бугарскиот претседател Румен Радев, пишува Медиапул.бг. Така, 40 отсто од анкетираните лица имаат доверба во претседателот Радев, додека 41 отсто од испитаниците одговориле дека немаат доверба во него. Во минатото, Румен Радев имаше […]

Црногорската влада и СПЦ потпишаа договор, се отвора можност за веронаука во училиштата

3 август 2022

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска објави на својот профил на Телеграм дека во Подгорица е потпишан фундаменталниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Утрово во Подгорица пристигнал патријархот на СПЦ Порфириј Периќ, без претходна најава и присуство на новинари. „Потпишан e oсновен договор. Едно важно прашање поставено ad acta. Продолжуваме понатаму, фокусирајќи […]

Изгласана недоверба на црногорската влада на премиерот Кривокапиќ

5 февруари 2022

Црногорскиот парламент ја изгласа недовербата на владата предводена од Здравко Кривокапиќ, откако претходно вицепремиерот и коалицискиот партнер, Дритан Абазовиќ му ја скрати поддршката за време на големи политички тензии, јавува Ал Џезира Балканс. Парламентот се состои од 81 пратеник од кои на вчерашната седница гласаа 54, 43 за недовреба на владата и 11 против нејзиното […]

Промена на власта во Црна Гора, се очекува Кривокапиќ од утре да не биде премиер

3 февруари 2022

Промена на власта во Црна Гора се очекува по утрешното гласање на доверба на актуелната црногорска влада на чело со премиерот Здравко Кривокапиќ. Самиот премиер денеска изјави дека ќе биде сменет од функцијата на утрешното гласање и дека владата ќе падне, пренесува српската телевизија Н1. Кривокапиќ ги замоли граѓаните да не излегуваат на улица, порачувајќи […]

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

17 јануари 2019

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за […]

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас

17 јуни 2018

Со 127 гласа за и 153 против, парламентот на Грција вчеравечер ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата. Поради тоа веднаш претседателот на партијата […]

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

16 јуни 2018

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање […]

Утре прва расправа и гласање за (не)доверба за владата на Зоран Заев

10 април 2018

Собранието на својата веб-страница го објави барањето на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на доверба на Владата, а собранискиот спикер, Талат Џафери, потврди дека расправата ќе се одржи утре. „Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на […]

Хан изрази жалење поради изгласувањето недоверба во владата на Косово

10 мај 2017

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јохнаес Хан, изрази жалење поради тоа што косовскиот парламент изгласа недоверба за владата. „Жалам поради денешното изгласување недоверба во владата на Косово. Политичките лидери, институции не смеат да ги загубат од вид предизвиците со кои се соочува Косово“, напиша Хан на својот твитер-профил. Regret today's no-confidence vote of the #Kosovo […]

Косовскиот парламент не изгласа доверба на владата, на повидок избори

10 мај 2017

Владата на Косово денеска „загуби“ на гласањето доверба во парламентот, со што Косово го очекуваат предвремени избори најдоцна за 45 дена. Седницата на косовскиот парламент мина во тензична атмосфера, а Демократската партија гласаше исто како и опозицијата, на иницијативата на Фатмир Лимај, претседател на партијата Иницијатива за Косово. Според проценките, претседателот на Косово треба утре […]

ДС предлага деблокирање на Собранието во три седници

31 март 2017

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија, со кои ќе се деблокира работата на законодавниот дом и ќе се изберат нов спикер и нова влада. Според предлогот на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов, прво 20 пратеници треба да поднесат барање за одржување вонредна седница на Собранието со единствена точка […]

Отфрлено барањето за гласање недоверба на бугарската влада

19 февруари 2016

Бугарскиот парламент денеска го отфрли барањето на опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов. Барањето на опозицијата е отфрлено со 130 гласа. 80 пратеници гласале „за“, додека пет биле воздржани. Коалициската влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014 година, нема апсолутно мнозинство, но има поддршка од две помали партии. Опозицијата […]

Падна владата на португалскиот премиер Пасос Коелјо

11 ноември 2015

Шест недели по изборот, падна малцинската влада на португалскиот премиер Педро Пасос Коелјо, откако синоќа ѝ беше изгласана недоверба. Владата на Пасос Коелјо успеа да добие само 123 од вкупно 230 гласови на изјаснувањето за предлогот на Социјалистичката партија. Социјалистите, марксистичкиот Лев блок, Комунистичката партија и зелените ѝ изгласаа недоверба на владата на десниот центар […]

Зврлевски: Не гледам причина за недоверба во работата на јавниот обвинител

8 март 2015

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, изјавил дека не гледа никаква причина за недоверба и за сомневање во неговата работа, објави „Дојче веле“, отакако партијата ДОМ, која е дел од владејачката коалиција, преку соопштение побара Зврлевски да си поднесе оставка. – Јас не гледам причина за недоверба и за сомневање во работата на државниот јавен обвинител. […]

Страна 1 од 1