fbpx

„Студентски пленум“: Можна е окупација, дијалог или и двете истовремено

-

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот генерален пленум, кој се одржа на Архитектонскиот факултет, расправаа за следните свои чекори во врска со измените на Законот за високо образование. На дневен ред имаше три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите или истовремена примена на двата предлога. Сепак, поголемиот дел од студентите начелно се договорија да се „окупираат“ универзитетите.

„Студентски пленум“ на средбата во МОН ќе побара повлекување на Законот за високо образование. Доколку МОН не го прифати нивниот предлог, тогаш претставниците на „Студентски пленум“ ќе ја напуштат средбата и ќе ги окупираат универзитетите. Дел од студентите сметаат дека треба да се применат и двата предлога истовремено, односно и да се оди на работна средба со МОН и со УКИМ, но и да се окупираат високообразовните институции.

Средбата на „Студентски пленум“ заврши без да се донесе конечна одлука за идните чекори. Студентите се договорија пленумите на сите факултети одделно да одлучат, а потоа сите заедно да ги разгледаат усвоените предлози и да се донесе заеднички став и план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...