вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Закон за високо образование | 29 резултати

Се подготвуваат измени на Законот за високо образование, но нема официјални информации што ќе се менува

3 ноември 2022

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред неколку месеци покренал иницијатива и повикал професори од високото образование да дадат свои предлози и идеи за измена на Законот за високо образование, потврди Министерството за образование и наука. Засега, оттаму не соопштуваат детали околу тоа што точно ќе се менува иако информираат дека во моментов експертска […]

Истражување на НАкС: Студентите бараат практична настава на факултетите

18 ноември 2021

Студентите се задоволни од квалитетот на високото образование во делот на теоретската настава, но и сметаат дека значително треба да се унапреди застапеноста на практичната настава во содржините на студиските и наставните програми и инфраструктурните услови за спроведување ваква настава. Ова го покажа истражувањето спроведено во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“ […]

Законот за научно истражувачка дејност ќе биде донесен догодина, неопходни се стратегија и финансии

11 ноември 2020

„До крајот на идната година, очекуваме да се донесе Законот за научно истражувачка дејност, но не порано бидејќи до тој момент капацитетот во Министерството за образование и наука е слаб. Дотогаш е предвидено помала група со предлог на професори од сите универзитети да направи драфт верзија за која до март месец ќе можеме транспарентно и […]

Државата бара институција што по четврти пат ќе ги рангира македонските универзитети

12 декември 2018

Министерството за образование и наука започнало постапка за избор на институција која по четврти пат ќе ги рангира македонските државни и приватни универзитети, информираат оттаму за „Мета“. Новина е тоа што, согласно новиот Закон за високо образование, наместо на секои две, високообразовните институции ќе се рангираат на секоја трета година. Националната ранг-листа на универзитети, се […]

МОН почна со подготовка на новиот закон за високо образование со фокус на реформите

27 октомври 2017

Министерството за образование и наука (МОН) денеска почнува со подготовка на новиот закон за високо образование, кој е дел од реформските процеси на Владата. Како што се наведува во известувањето за почеток на процесот за подготовка на законот за изменување и за дополнување на Законот за високото образование, целта на на овој закон се „суштински […]

Адеми: Нема амбиент да се расправа за новиот закон за образование

15 септември 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, вели дека сè уште нема амбиент да се расправа во Собранието за новиот закон за образование, затоа што политичките партии, имајќи ја предвид актуелната ситуација во земјава, имаат други приоритети. – Ние пред неколку месеци почнавме со консултации и формиравме заеднички групи со УКИМ, со студентскиот и со […]

„Студентски пленум“ излегува од работните групи со МОН

12 мај 2015

Апсењето на студeнтите и упадот на полицијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ е причинта поради која студените ќе излезат од работните групи што ги формираа со Министерството за образование и наука, а во кои требаше да го подготват новиот закон за високо образование. – Поради крахирањето на политичките процеси и на демократските вредности, се зголемуваат нашите сомнежи […]

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за високо образование

11 февруари 2015

Пратениците, кои пред неполн месец во Собранието дискутираа дека Законот за високо образование е добар и дека ваков закон недостигал за да се доведе во ред високото образование, денеска кренаа рака и гласаа да се одложи примената на некои одредби од Законот, со образложение дека недостигала дебата. – Сакам да ја изразам поддршката за одложувањето […]

„Студентски пленум“: Можна е окупација, дијалог или и двете истовремено

3 февруари 2015

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот генерален пленум, кој се одржа на Архитектонскиот факултет, расправаа за следните свои чекори во врска со измените на Законот за високо образование. На дневен ред имаше три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, […]

„Студентски пленум“: Ќе тргнеме на предавања, па ќе одлучуваме за бојкот

30 јануари 2015

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ велат дека сè уште се во координација и немаат одлучено која е наредната мерка што ќе ја преземат откако Собранието ги усвои, а претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша измените на Законот за високо образование. – Деновиве имаме интерни пленуми на факултетите, а во текот на наредната недела ќе одржиме […]

„Студентски пленум“ ја продолжува битката против законите за образование

22 јануари 2015

„Ниту државнички, ниту професорски“ потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование, напиша „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница, откако претседателот Иванов стави потпиис на законите за високо образование. На социјалната мрежа пленумците ги прашуваат студентите дали се подготвени да покажат револт. – Студенти, спремни ли сме да го покажеме револтот […]

Фејсбук-реакции за донесувањето на Законот за високо образование

14 јануари 2015

Социјалните мрежи се преполни со реакции по усвојувањето на Законот за високото образование. Може да се прочитаат постови за пратениците, за студентите, за претседателот Ѓорге Иванов, но и повици до студентите „да не се откажуваат од борбата“. Професорите и студентите денеска, откако пратениците го изгласаа  законското решение, пред Собранието организираа погреб на високото образование. Еве некои од […]

Професорите и студентите „го погребаа“ високото образование

14 јануари 2015

Околу 150 професори, студенти и граѓани кои ги поддржуваат, со свеќи в раце, се собраа вечерва пред Собранието за да го „погребат“ високото образование. Погребот на високото образование почна половина час откако пратениците во Собранието ги усвоија измените во Законот за високо образование. Пленумци велат дека одлуката погребот на високото образование да го одржат пред […]

Собранието го усвои Законот за високо образование

14 јануари 2015

По неколкучасовна расправа, пратениците во Собранието  со 67 гласа „за“ и со девет „против“, ги усвоија промените во Законот за високо образование, со кои се предвидува воведување државен испит и се менуваат критериумите за избор во звања. Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, рече дека Владата го прифаќа амандманот со кој се предвидува спроведување на пилот-државен […]

Пратениците расправаа за Законот за високо образование

14 јануари 2015

Пратениците во Собрание расправаа за измените на Законот за високо образование. На самиот почеток на расправата, министерот Абдилаќим Адеми кажа дека ќе има пилот-проект за државниот испит. Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги праша колегите од ДУИ зашто го поддржуваат овој пакет мерки […]

Почна расправата за измените на законите за образование

14 јануари 2015

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници. – Академија за наставници е познат концепт. Многу европски земји имаат. […]

„Професорски пленум“ со писмо бара средба со претседателот Иванов

10 јануари 2015

Претставници на „Професорски пленум“ денеска испратија писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во кое се бара средба на која претставници на професорскиот и на студентскиот пленум би му ги образложиле своите ставови за предложените измени на Законот за високо образование, кој наскоро ќе се најде во Собранието. Интегрално ви го пренесуваме писмото: „Почитуван […]

СДСМ: Носењето на законските измени среде ноќ е доказ за неискрените намери на власта

10 јануари 2015

Воведувањето т.н. државен испит и спорните измени на Законот за високо образование, без да се земат предвид ставовите на студентите, академската заедница и на широката општествена јавност е класично насилство на власта на Никола Груевски, оцени СДСМ во реакцијата во врска со изгласувањето на пакетот закони за основното и за високото образование од Собраниската комисијата […]

Собраниската комисија ги усвои законите за образованието

10 јануари 2015

Собраниската комисија за образование, наука и спорт околу три часот по полноќ го изгласа во второ читање целиот пакет реформи во основното, средното и за високото образование, Законот за педагошки факултет, Законот за наставници во основно и во средно образование, Законот за формирање академија на наставници и предлог – законот за обука на директори на […]

Денеска второ читање на законот за образование во Собранието

9 јануари 2015

Собраниската комисијата за образование, наука и спорт денеска на второ читање треба да го разгледа предлог-законот за високо образование. Седницата беше закажана за вчера, но поради можни нови предлози за законот, беше презакажана за денеска. Комисијата на дневниот ред има седум предлог-закони на второ читање: за изменување и дополнување на Законот за основното образование, за […]

Страна 1 од 2