fbpx

Државата бара институција што по четврти пат ќе ги рангира македонските универзитети

-

Министерството за образование и наука започнало постапка за избор на институција која по четврти пат ќе ги рангира македонските државни и приватни универзитети, информираат оттаму за „Мета“.

Новина е тоа што, согласно новиот Закон за високо образование, наместо на секои две, високообразовните институции ќе се рангираат на секоја трета година. Националната ранг-листа на универзитети, се прави за да придонесе за транспарентноста, квалитетот и ефикасноста на македонските образовни институции.

Одговорните во МОН велат дека преку јавна набавка, ќе се избере институција што ќе го врши рангирањето. Изминативе години, беа направени вкупно три ранг-листи, кои ги изготви Центарот за светска класа универзитети при шангајскиот универзитет „Џио Тонг“, кој исто така, рангира универзитети и на светско ниво.

– Со донесувањето на новиот Закон за високо образование, за развивање и одржување на квалитетот на високото образование, на секои три години задолжително се спроведува рангирање на сите универзитети, запишани во регистарот на високообразовни установи. Исто така, за развивање и одржување на квалитетот на високото образование, покрај рангирањето на универзитетите, на секои три години задолжително се спроведува и посебно рангирање на сите самостојни научни установи кои вршат високообразовна дејност, согласност со Закон за високо образование – велат во министерството.

Новото рангирање ќе се спроведе според критериуми кои ќе се определат со Правилникот за критериумите на рангирање на универзитетите, кој е во фаза на донесување (односно е во процес на усогласување со Секретаријат на законодавство) согласно условите кои ќе се допрецизираат во јавната набавка. Во МОН информираат дека институцијата која ќе го врши рангирањето ќе се определува со објавување на јавна набавка.

Првата ранг-листа со македонски универзитети беше објавена во 2012 година, кога министер беше Панче Кралев и таа не` чинеше 100.000 евра. Беа земени предвид 19 индикатори за академски перформанси и конкурентност, покривајќи ги главните аспекти на мисијата на високообразовните институции како што се наставата, истражувањето и социјалните услуги.

На таа листа, на прво место беше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на второ – Универзитетот на Југоисточна Европа, па Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, Универзитетот Св. „Климент Охридски” од Битола и Универзитетот за информатички науки и технологии, „Св. Апостол Павле” од Охрид. На последното рангирање, кое беше направено за академската 2015/2016 година, на прво место повторно е „Св. Кирил и Методиј“, а на последно – Меѓународниот славјански институт во Свети Николе.

Инаку, на светско ниво, на светските рангирања нема ниту еден македонски универзитет меѓу првите 1.000 најдобри во светот. Меѓу нив не е ниту нашиот најдобар универзитет, „Св. Кирил и Методиј”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...