Пратениците ги изгласаа измените на Законот за високо образование

-

Пратениците, кои пред неполн месец во Собранието дискутираа дека Законот за високо образование е добар и дека ваков закон недостигал за да се доведе во ред високото образование, денеска кренаа рака и гласаа да се одложи примената на некои одредби од Законот, со образложение дека недостигала дебата.

– Сакам да ја изразам поддршката за одложувањето на Законот. Владата имаше слух за сите дебати и јавни расправи. Не смееме да си играме со младите луѓе, нив местото не им е на улиците каде што се манипулира со нив, туку во амфитеатрите за да учат. Ова е можност за сите релевантни фактори да се вклучат со конструктивни предлози, кои ќе се втемелат во високото образование. Очекувам во наредниот период сите да дадат конструктивни мислења и препораки за законот – кажа пратеничката Олга Најденовска.

Пратничката Солза Грчева на тоа рече дека Владата сама си признала дека Законот не е добар и од таа причина некои одредби се одложуваат.

– Со денови расправавме дали групата закони е добра или не, а на крајот потврдата ни дојде од Владата. Мене не ми е јасно како можевте и тогаш и сега да го браните законот. Имајте малку доблест и барем премолчете – рече Грчева.

За законот гласа 77 пратеници. Со измените во законите се предвидува да се одложи спроведувањето на државниот испит за студентите и обврската на професорите да објавуваат научни трудови во списанија со импакт-фактор.

На седницата се изгласаа и измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување по скратена постапка и други закони.

Во Скопје нема организирана група која киднапира деца

Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не организирана група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на...