fbpx

Фејсбук-реакции за донесувањето на Законот за високо образование

-

Социјалните мрежи се преполни со реакции по усвојувањето на Законот за високото образование.

Може да се прочитаат постови за пратениците, за студентите, за претседателот Ѓорге Иванов, но и повици до студентите „да не се откажуваат од борбата“.

Професорите и студентите денеска, откако пратениците го изгласаа  законското решение, пред Собранието организираа погреб на високото образование.

Еве некои од првичните реакции:

„Ружен ви е законот“

„Mилион народ на овие им даде право да си газат. Млион народ, милион пати преќуте, милион пати одмавна со раката, милион пати замижа пред милиони вреден криминал, милион пати остави друг да се секира, милион пати си рече „може полошо“, милион пати тролаше наместо милион камења да фрли…“

„Законот е донесен! Борбата може да почне“

„Професорот Ѓорге Иванов има историска шанса да застане на вистинската страна и конечно да биде вистински Претседател на сите граѓани. Самиот треба да избере дали ќе биде херој во целиот овој циркус што го создаде власта, или ќе остане соучесник во уривањето на демократијата…“

„Само да потсетам, за срамниот неуставен законон за високо образование гласаа и пратеници на ДУИ. Впрочем како и секогаш досега кога се воспоставуваше тоталитарниот систем во Македонија. Затоа нема потреба да ги штедите во коментарите и да го напаѓате само ВМРО-ДПМНЕ“

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...