fbpx

Стивен Хокинг ја најави досега најголемата потрага по интелигентен вонземски живот

-

Британскиот физичар Стивен Хокинг го најави новиот обид што треба да одговори на прашањето дали има живот на друго место во вселената.

Како што јавува „Би-Би-Си“, станува збор за проект за потрага по вонземски живот, кој е најголем досега и ќе трае 10 години, а ќе бидат следени сигналите, емитувани од милиони ѕвездени системи, кои се најблиску до Земјата.

Иницијативата, вредна 64 милиони фунти, односно околу 91 милион евра, била поведена од „Брејктру инишијатив груп“ при Кралското друштво во Лондон.

„Некаде во вселената, можеби, некоја интелигентна форма на живот ги гледа овие наши светла, свесна за нивното значење. Или, пак, нашите светла талкаат низ безживотната вселена, најавувајќи дека овде, на една карпа, универзумот го открил своетот постоење. Како и да е, нема поголемо прашање. Време е да се посветиме на наоѓањето на одговорот“, изјавил Хокинг, додавајќи „Ние сме живи. Ние сме интелигентни. Ние мораме да знаеме.“

Тие што стојат зад иницијативата, како што јавува „Би-Би-Си“, изјавиле дека станува збор за најголамата научна потрага кога било насочена кон откривање знаци на интелигентен живот надвор од Земјата.

Според планот, треба да биде надгледуван 10 пати поголем дел од небото за разлика од претходните вакви програми и да се скенира пет пати повеќе од радиоспектурмот, со 100 пати поголема брзина.

За потребите на проектот ќе бидат користени два од најмоќните светски телескопи, телескопот „Грин бенк“ во Западна Вирџинија и телескопот „Паркс“ во Нов Јужен Велс, во Австралија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...