fbpx

Лани се запишале 2,8 проценти повеќе студенти во однос на 2013 година

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Македонија, во академската 2014/2015 година се запишани вкупно 59.359 студенти, што претставува пораст за 2,8 проценти во споредба со академската 2013/2014 година.

Бројот на запишани студенти – жени изнесува 32.175 или 54,2 проценти.

Најголем број студенти, 87,3 проценти, се запишани на државните високообразовни установи, додека 12,2 проценти се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2014/2015 година, се запишани 18.942 студенти (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...