fbpx

Спасовски: Имаме многу информации за логистиката на Грујовски и на Бошковски

-

Министерството за внатрешни работи има многу податоци за логистичката поддршка што поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, ја имале од лица во земјава, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска присуствуваше на меѓународната конференција „Приватна и јавна безбедност – соработка и партнерство“, што се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје.

Спасовски изјави дека заедно работат со Обвинителството, но дека информациите не се за споделување со јавноста.

Министерот за внатрешни работи рече дека постапката за екстрадиција на Грујовски и на Бошковски ја води Министерството за правда со меѓународна правна помош со Министерството за правда на Грција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали постои можност поранешните началници во УБК да се „пазарат“ со грчките службите околу споделување на информации за она што го работеле во изминатите години, Спасовски рече дека нема „ниедна информација што досега не е споделена со јавноста“, односно дека јавноста преку т.н. „бомби“ имала можност да ги слушне разговорите за нивната работа.

Грујовски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври во Солун, додека се обидувале со лажни бугарски пасоши да заминат за Будимпешта. Тие се обвинети во случаите „Таргет“, „Тврдина“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...