Спасовски: Имаме многу информации за логистиката на Грујовски и на Бошковски

-

Министерството за внатрешни работи има многу податоци за логистичката поддршка што поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, ја имале од лица во земјава, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска присуствуваше на меѓународната конференција „Приватна и јавна безбедност – соработка и партнерство“, што се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје.

Спасовски изјави дека заедно работат со Обвинителството, но дека информациите не се за споделување со јавноста.

Министерот за внатрешни работи рече дека постапката за екстрадиција на Грујовски и на Бошковски ја води Министерството за правда со меѓународна правна помош со Министерството за правда на Грција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали постои можност поранешните началници во УБК да се „пазарат“ со грчките службите околу споделување на информации за она што го работеле во изминатите години, Спасовски рече дека нема „ниедна информација што досега не е споделена со јавноста“, односно дека јавноста преку т.н. „бомби“ имала можност да ги слушне разговорите за нивната работа.

Грујовски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври во Солун, додека се обидувале со лажни бугарски пасоши да заминат за Будимпешта. Тие се обвинети во случаите „Таргет“, „Тврдина“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување.

Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc),...