fbpx

САД: ЦИА била побрутална отколку што тврдела

-

Методите на испитување што ЦИА ги користела во случајот со осомничените за тероризам биле многу побрутални отколку што тврдела, соопшти американскиот Сенат.

Во извештајот на Сенатот се наведува дека програмата за „засилено испитување“ на ЦИА не успеала да ги обезбеди потребните информации. Во документот се наведува дека ЦИА ја довела во заблуда јавноста и политичарите во врска со програмата.

Извештајот е презентиран по петгодишната истрага, која ја водеше Одборот за разузнавачки активности на Сенатот.

Програмата на ЦИА требало да резултира со добивање информации за активностите на Ал Каеда.

ЦИА и многу членови на американската администрација досега тврдеа дека програмата е ефективна и оти осуетила многу терористички заговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...