fbpx

„Метеоролошка бомба“ предизвика тревога во Велика Британија

-

Велика Британија се подготвува за првото зимско невреме, а вечерва метеоролошката служба издаде неколку предупредувања за „метеоролошки бомби“ јужно од Гренланд.

Силни ветрови би можеле да го зафатат Обединетото Кралство од вторник навечер и да траат до четврток наутро, соопшти британската метеоролошка служба, која издаде жолта тревога за централниот и за северниот дел на земјата и портокалова (втора по ниво на јачина) за Шкотска.

Метеоролошката служба предвидува бура со ветрови од околу 120 км/час, а можен е и снег.

Службата објави и сателитска снимка од „метеоролошката бомба“, односно подрачје со особено низок притисок, кој се создава јужно од Гренланд. Предупредувањето доаѓа во време кога во Велика Британија штотуку почнуваат зимските температури, на крајот на особено благата есен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...