fbpx

Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

-

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ.

– Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство – рече Меркел.

Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот мора да му се врати јасната европска перспектива.

– Западниот Балкан не е заден двор на Европа, туку наша дневна соба. Европската Унија на терен го изгуби влијанието, а во исто време се зголеми руското, кинеското, вахабитското, но и турското влијание – смета Керн.

Тој посочи и дека новиот американски претседател Доналд Трамп вовел нова динамика за Западен Балкан и нагласи дека „не смее да се дозволи формирање на воневропски сили“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...