понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Трст | 15 резултати

Анѓушев: Добивме 70 милиони евра грант од ЕУ за пругата кон Бугарија

јули 13, 2017

Од вкупно 194 милиони евра грант наменет за развој на инфраструктурата во Западен Балкан, Македонија на самитот во Трст добила 70 милиони евра за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, информираше денеска вицепремирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој додаде дека оваа неповратна помош, доволна за да се покрие 46 отсто од вкупната […]

Лидерите од Западен Балкан во Трст го усвоија Акцискиот план за економска интеграција

јули 12, 2017

Шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска на Самитот во Трст го усвоија повеќегодишниот Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан наречен МАП (Multi-annual Action Plan – Повеќегодишен акциски план), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен да го следи целиот процес. МАП има цел да овозможи „непречен […]

Заев: Во Македонија владее оптимизам од подадената рака од меѓународната заедница

јули 12, 2017

Има голема потреба од формирање рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан, кон што е силно определена новата влада на Република Македонија, а постои и голема потреба не само од реформи, туку и од фокусиран забрзан реформски напредок, рече премиерот Зоран Заев за време на неговото обраќање на самитот за Западен Балкан во […]

Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

јули 12, 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ. – Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство – рече Меркел. Претходно, австрискиот канцелар […]

Заев – Брнабиќ: Ќе ја развиваме регионалната соработка, имаме заедничка иднина во ЕУ

јули 12, 2017

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на билатерaлната средба во Трст на самитот за Западен Балкан констатирале дека постојат услови за продлабочување на односите меѓу двете држави, како и дека тоа ќе биде силна порака кон Европската Унија, за европска интеграција на земјите од Западен Балкан кои припаѓаат на Унијата. „Има […]

Хан: Барањата на граѓанскот сектор од Балканот се прифатливи

јули 12, 2017

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и од препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на граѓанскиот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. На средбата […]

Заев: Од Трст се испраќаат охрабрувачки пораки дека ќе се приближиме кон Европа

јули 12, 2017

Европската Унија мора подиректно да му помогне на регионот за да се забрза неговата евроинтеграција, а самитот во Трст испраќа пораки на охрабрување дека ќе се приближиме кон Европа, рече македонскиот премиер Зоран Заев во емисијата „Окружење“, која се снимаше денеска на самитот ЕУ – Западен Балкан, што се одржува во Трст во рамки на […]

Рама во Трст облече костум, ама и бели патики

јули 12, 2017

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот Западен Балкан – ЕУ во италијанскиот град Трст се појави во „полежерно“ издание. На самитот на високо ниво, кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес, Рама се појави во костум и во спортски бели патики од познатиот бренд „адидас“. Ова не е првпат Рама да се појави во […]

Хан: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ не може да биде успешна без економска поддршка

јули 12, 2017

Протекционизмот не е вистински одговор за развој на економијата, изјави шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано, при отворањето на бизнис-форумот во Трст, кој се одржува во рамките на самитот Западен Балкан – ЕУ. Алфано истакна дека отвореноста и транспарентноста на државните органи кон бизнис-секторот се клучни за повисока динамика на економијата, а дека вистински предизвик […]

Во Трст почнува самитот Западен Балкан – ЕУ

јули 12, 2017

Во Трст денеска почнува бизнис-форумот во рамки на самитот на лидерите на државите од Западен Балкан, на кој, покрај еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, учествуваат и министрите за трговија и за економија на земјите од Западен Балкан. Самитот се одржува во рамки на Берлинскиот процес, иницијатива покрената во 2014 година, а […]

Трет Форум на цивилното општество од Балканот – претходница на самитот во Трст

јули 11, 2017

Третиот Форум на цивилното општество, кој е претходница на самитот на Западен Балкан, почна денеска во Трст со присуство на околу 200 претставници на граѓанскиот сектор од Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и од другите делови од регионот, како и од Европа. Хедвиг Моравија, извршна директорка на Европскиот фонд за Балкан, […]

Страна 1 од 1