fbpx

Коѕиас: Прашањата се решаваат, не треба да се плашиме од компромиси

-

Разговорите за решавањето на спорот за името не се фокусираат на идентитетот, изјави денеска во Солун шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, одговарајќи на новинарско прашање дали на брифинг со грчките новинари по средбите во Њујорк изјавил дека се преговара и за идентитетот, и за јазикот и за нацијата.

– Го кажав тоа што го мислев. Се надевам дека во некој момент ќе има содржајни разговори за името и за сè што е поврзано со него. Никогаш не сум зборувал дека тоа е поврзано со јазикот или со што било друго. Можете да ги прашате новинарите кои зборувале и ви го пренеле тоа – рече Коѕиас.

Прашан кои работи треба Македонија и Албанија да ги решат за да може Грција да не го попречува нивниот влез во ЕУ, Коѕиас рече дека дипломатијата е за решавање проблеми.

– Нашата политика е на пријателство и на развој на односите. Целта на дипломатијата е да се решаваат проблемите, а не да се создаваат. Кога се зборува за евроинтеграциите, луѓето често зборуват како Германија и Франција имаат пријателски односи. Со Бугарија имавме 600 години непријателство. Имавме тројна окупација. Но, гледате, прашањата се решаваат. Не треба да се плашиме од компромиси. Тие треба да бидат во согласност со меѓународните односи и врз основа на заемна самодоверба – рече Коѕиас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...