fbpx

Казни од 430 евра за тројца демонстранти на „Шарената револуција“ во Штип

-

Поради шарање на улиците и на тротоарите, тројца демонстранти од „Шарената револуција“ во Штип треба да платат казни од 430 евра. Ова на тројцата им било соопштено по информативните разговори на кои беа повикани синоќа во полициската станица во Штип.

– Казните се преголеми и немаме намера да ги плаќаме – вели Горан Трајков, неформалниот лидер на штипската „Шарена револуција“.

На распитот сите тројца се бранеле со молчење.

– Распитот почна во 19 часот, завршивме некаде пред 22 часот, сите поединечно, со правен застапник. Сите тројца учесници имавме по две прекршочни пријави од кои секој поединечно треба да плати по 430 евра. Ние се изјаснивме дека нема да ги платиме казните. Сметаме дека се превисоки – тврди Трајков.

Тој додава дека правдата ќе ја бараат на суд.

– Ако се земе предвид дека има луѓе со кривични дела кои се шетат на слобода, мислам дека нашите казни се превисоки – смета Трајков.

Тој и неговите „другари“ велат дека не се откажуваат од барањето правда преку мирен протест и најавуваат учество на следниот протест на „Шарената револуција“ што е закажан за утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...