fbpx

И Чавков доби 30-дневен притвор, спроведен е во затворот во Шуто Оризари

-

Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, по што е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Иста мерка е одредена и за полицискиот службеник Мунир Пепиќ и за оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на насилните протести од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, како и за актерот Владо Јовановски, исто така дел од таа граѓанска иницијатива.

Засега само пратеничката Жаклина Пешевска доби куќен притвор. Во меѓувреме, сè уште траат распитите на другите приведени.

Основното јавно обвинителство денеска достави налог до МВР за притворање на 36 лица за насилството во Собранието. Сите 36 лица се товарат за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Полицијата денеска приведе 24 лица, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски.

Полицијата сè уште трага по 12 лица за кои е издаден налог за приведување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...