fbpx

Град Скопје почна со постапката за субвенции за инвертер – клима уреди

-

Град Скопје денеска објави јавен повик за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.

Субвенции може да се доделат само за инвертери купени од 1 јануари до 30 ноември годинава, или пак до потрошувањето на предвидените пари за субвенции. Доделувањето на парите ќе се врши по принципот „Прв дојден – прв услужен“.

Од градската управа посочуваат дека давањето на овие стимулации е дел од мерките против загадувањето на воздухот.

Како субвенција ќе се доделува максимум 50 отсто од цената на уредот но најмногу до 15.000 денари, а која вредност ќе се земе, зависи од сумата што била платена за економичниот клима уред.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) коишто имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење,  без оглед на тоа дали го користат, потоа оние коишто имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) коишто имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во него.

Целосниот јавен повик со условите и критериумите за аплицирање може да се прочитаат од следново место.

Образецот – барање за субвенција за  инвертер клима уред може да се преземе тука.

Барањето за издавање потврда за платени даноци може да се преземе тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...