fbpx

Германија утре избира нов претседател, Штајнмаер фаворит

-

Сојузното собрание во Берлин, уставниот орган на Германија составен од претставници на Бундестагот, долниот дом на парламентот и претставници на покраините утре ќе го избере новиот претседател на земјата.

Најголем фаворит за нов претседател на Германија е кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП) и доскорешен министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Имајќи предвид дека ја има поддршката на владејачката коалиција и на германските либерали, агенциите наведуваат дека изборот на Штајнмаер е речиси сигурен. Тој ќе има тројца противкандидати, Кристоф Бутервеге од левицата, Александер Холд (слободни избирачи) и Албрехт Гласер кандидат на Алтернатива за Германија.

Штајнмаер во два наврати ја извршуваше функцијата шеф на германската дипломатија во владата на канцеларката Ангела Меркел. Прв пат од 2005 до 2009 година и потоа од 2013 до почетокот на оваа година.

Претседателот на Германија има ограничена власт, но се смета за силен морален авторитет. На сегашниот претседател 77-годишниот Јоаким Гаук му истече мандатот и тој соопшти дека поради својата возраст нема повторно да се кандидира.

Претседателот го избира сојузното собрание кое се состои од 630 избрани претставници и уште 630 претставници кои се делегираат од 16 германски покраини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...