fbpx

Тачи останува претседател на ДПА до локалните избори

-

Централното собрание на ДПА одлучи Мендух Тачи и понатаму да ја води партијата. По шестчасовната дискусија денеска највисокото партиско тело со мнозинство гласови, реши вонредниот конгрес на кој ќе се избира идниот претседател и други партиски тела, да се одржи по завршувањето на локалните избори.

Тачи изјави дека партијата сметала дека е неопходно да се донесе ваква одлука, бидејќи „не е паметно“ пред локални избори да се избираат највисоките функционери на ДПА.

– Имам многу волја да се борам со противници, ама не со ДПА кои се моите луѓе. Контекстот временски е таков, што не ми овозможува многу простор, се наоѓаме на праг на локалните избори. Морално не сакам да изиграм како некои други лидери. Ако изберевме друг претседател на ДПА, имавме голема можност да се соочиме со слаб резултат на локалните избори и тоа да се интерпретираше како евтин политички трик од моја страна. Затоа јас прифатив да ја вода партијата на овие локални избори и убеден сум дека ќе имаме многу подобар резултат – изјави Тачи.

Тој додаде дека Централното собрание го овластило да почне разговори со политичките чинители за состав на нова влада.

– Првиот состанок ќе го барам со Иванов и ќе барам од него да ми даде мандат за следна влада. Гледам дека се смеете, но и јас се смеам кога друг некој бара мандат. Иванов 99 отсто нема да ми го даде мандатот, сигурно ќе ми рече да соберам 61 потпис и потоа ќе се обидам да соберам како што другите се обидоа – рече Тачи

Тој, одговарајќи на новинарско прашање рече дека е подготвен да разговара и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада.

– Кризата е голема и таа се влошува, затоа треба да се седне и со сите да се разговара, бројките не се проблем – додаде Тачи.

Поради лошите изборни резултати, лидерот на ДПА Мендух Тачи си поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...