fbpx

Околу 15.000 Курди во Стразбур побараа ослободување на Абдула Очалан

-

Околу 15.000 луѓе денеска се собраа во Стразбур на годишниот собир на Курдите во Европа, на кој демонстрантите побараа автономен статус за Курдистан и ослободување на нивниот лидер Абдула Очалан, јавуваат агенциите.

Полицијата во Стразбур навела дека на собирот имало меѓу 12 и 15 илјади луѓе. Демонстрантите во Стразбур пристигнале од Германија, како и од делови на Франција, Белгија и Луксембург.

Курдите што живеат во Европа веќе 18 години се собираат во Стразбур каде бараат ослободување на нивниот историски водач Абдула Очалан, кој се наоѓа во затвор во турција, како и решавање на статусот на Курдистан.

Генералниот конзулат на Турција во Стразбур побарал собирот да биде забранет со оценка дека тој претставува поддршка за терористите, бидејќи Анкара Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја смета за терористичка организација.

По двегодишен прекин на огнот, судирите меѓу Кудрите и Турција продолжија во 2015 година, по прекинот на мировните преговори меѓу двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентите во октомври треба да ги продолжат стипендиите

Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од понеделник можат да ги достават...