fbpx
Македонија Страница 1821

Македонија

По новата „бомба“ на Заев: Живи ли се преговорите и договорот за избори во април?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во 14.40 часот денеска, пред седиштето на партијата, даде изјава дека нема да учествува на средбата што треба да се одржи на 10 јуни во Брисел. Новата „бомба“ на Заев одекна исто толку силно како и претходните со прислушуваните разговори и...

Штипските социјалдемократи поднесоа кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

Општинската организација на СДСМ во Штип ќе бара кривична одговорност од градоначалникот Илчо Захариев за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што не распишал конкурс за избор на директор на јавното претпријатие „Исар“, како што налага законот, изјави претседателот на штипските социјалдемократи, Владимир...

Заев: Нема да присуствувам на состанокот во Брисел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека нема да присуствува на закажаниот состанок со еврокомесарот Јоханес Хан на 10 јуни во Брисел. - Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел....

„Граѓаните за Македонија“ ќе се приклучат на протестот „Правда за Мартин“

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ го поддржува и ќе се приклучи на протестот „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, затоа што, како што стои во соопштението од коалицијата, и „по четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја...

Ахмети на средба со Фурние и со Оер

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во француското МНР и со Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија. Тема на средбата биле актуелната криза во земјата, политичкиот дијалог и...

Во Скопје се скрши едно копје, другите ќе се докршуваат во Брисел

Пред да се одржи средбата на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Брисел, сè уште е нејасно што, всушност, е постигнато на преговорите што во вторникот се одржаа во резиденцијата на ЕУ во Скопје, со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан. Иако...

Хан: Опозицијата да се врати во Собранието и да се испита скандалот со снимките

„Постојат некои несовршености што треба да се завршат, да се модифицира изборниот законик, да се разгледа избирачкиот список и некои други елементи. Од друга страна, морам да кажам дека последните избори, како и неколку претходно во земјата и во регионот, беа набљудувани од ОБСЕ...

Ахмети до Хан: Го поддржуваме договорот од 2 јуни

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во писмо испратено од еврокомесарот Јоханес Хан, вели дека го поддржува договорот од 2 јуни. „Би сакал да ја искористам оваа можност за да ја реафирмирам нашата цврста определба за спроведување на договорот постигнат на 2 јуни во Скопје и...

„Средношколски пленум“: Екстерното тестирање има голем број нерегуларности

Екстерното тестирање има голем број нерегуларности и технички пропусти, а поради тоа учениците ќе бидат оштетени и деградирани, велат од „Средношколски пленум“. - Четврти ден како една од најлошите реформи во образованието во Македонија се спроведува и оваа година. Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти...

Иванов денеска на Плаошник ќе ги додели инженерските прстени

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти од инженерските факултети. Церемонијата на доделувањето на признанието ќе се одржи на платото пред Светиклиментовиот храм „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 19 часот. Традиционалната...

Промоција на стихозбирки на Мирослав Валек и на Војтех Михалик

Денеска, со почеток од 13 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред македонската публика ќе бидат претставени неодамна објавените стихозбирки на македонски јазик, од двајца великани на словачката книжевност: Мирослав Валек - „Минута пред заспивање“ и Војтех Михалик - „Еротикон“. Преводот го...

Стариот охридски рибарски чун – нова туристичка атракција

Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, со грант од Балканска музејска мрежа, направи веродостојна и функционална реплика на стариот охридски рибарски чун, која ќе стои закотвена како музејски експонат во Лапидариумот кај Куќата на Робевци. Истовремено, со пробна пловиба, испитана...

„Би-Би-Си“: Мигрантите во Македонија ги киднапираат, ги силуваат и ги тепаат

Неколку организации за човекови права оценија дека Македонија станала едно од „најлошите места за мигрантите во Европа“, јавува „Би-Би-Си“. Добротворната организација „Лекари без граници“ вели дека најмалку 300 лица секојдневно преминуваат од Грција во Македонија на својот пат кон Европа. - Дури и македонската полиција нè...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја

Низа настани ќе се случуваат денеска во главниот град по повод одбележување на Меѓународниот ден на планетата Земја. Градоначалникот Коце Трајановски ќе додели награди за најголем придонес за зашита на животната средина. Меѓународниот ден на животната средина годинава Обединетите Нации го одбележуваат под мотото „Седум билиони...

Времето со услови за невреме

Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилен североисточен ветер. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 18 до 30 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде...

Заев: Груевски нема легитимитет да организира и да спроведува избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Тихомир Илиевски, денеска се сретнал со Роберто Батели и со Андреас Нотеле, специјални претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ. На состанокот, како што се наведува во соопштението, се разговарало за...

Заев на средба со директор за Континентална Европа при француското МНР

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, попладнево се сретнал со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во МНР на Франција и со француската амбасадорка во Р. Македонија, Лоренс Оер. Главна тема на разговорите, како што се наведува во соопштението, биле шансите за...

Отворен центар за ран детски развој во Шипковица

Тетовското село Шипковица денеска доби нов центар за ран детски развој, кој е отворен како дел од иницијативата „Првите 5 се најважни”. Проектот има цел да овозможи уште во најраната возраст децата да добијат образовна програма за ран детски развој во нивната заедница. Центарот, кој...

Вељаноски се сретна со Батели и со Нотеле

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, денеска се сретна со Роберто Батели, специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, и со амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена. Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски,...

Поднесен обвинителен акт за случајот „Чекан“

Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 поднел обвинителен акт против десетмината уапсени во полициската акција „Чекан“, кои се товарат за злосторничко здружување, изнуда, перење пари и за лихварство. „Криминалната група во која биле обвинетите, почнала да дејствува во континуитет од 2008 година,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...